МАКЕДОНИЈА Политика

ИК на ВМРО-ДПМНЕ: Го овластуваме Мицкоски да преговара во обидот за составување на Влада

ВМРО-ДПМНЕ ја одржа својата редовна седница на Извршниот Комитет прва по одржувањето на предвремените парламентарни избори. На седницата се дискутирало за актуелната општествено политичка состојба и последните избори кои се реализираа.

„Извршниот Комитет на партијата заклучи дека изборите се одржаа во недемократска атмосфера со масовен поткуп на гласови спроведен од актуелната власт на СДСМ. Воедно ВМРО-ДПМНЕ забележува и на бројните недостатоци на денот на изборите срочени во приговорите до Државната Изборна Комисија кои беа одбиени, а кои ќе се преточат во тужбено барање до Управниот Суд“, се вели во соопштението.

Според нив, во едни вакви околности ВМРО-ДПМНЕ ја доби довербата од народот во најголем број на општини, и воедно издејствува поголем број на мандати споредено со партијата СДСМ без коалицијата со БЕСА.

„Воедно Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ даде насока да се изготви темелна анализа за резултатите од изборите за која подоцна ќе се дискутира на органите и телата на партијата. Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го овласти претседателот Христијан Мицкоски да продолжи со разговори во обидот за составување на ново парламентарно мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ смета дека загрижува економската криза  во државата која секој ден е се полоша и за која треба активни мерки кои истата да се надмине“, стои во соопштението на партијата.

Поврзани вести

Барањата за отказ на сестри од Инфективна ја разбрануваа јавноста

Stefanija Kuzmanovska

ВМРО-ДПМНЕ: Треба да се заштити здравјето, но и стандардот на граѓаните

Ефектите од мерките се очекуваат во мај – Македонија на средина од 85-часовниот карантин

Берта Китинска

Мелиса од Тетово го победи коронавирусот: „Во ниту еден момент не се поколебав кој ќе биде мојот прв чекор во борбата со овој вирус“

Спасовски: Нови одлуки после првомајските празници, засега немаме информација за заболени свештени лица

Никола Поповски

Македонците песимисти: Само 43 отсто од испитаниците се среќни и оптимистични за 2020.