МАКЕДОНИЈА

Институт за јавно здравје: Над 10.700 заболени од грип сезонава

Вкупниот број заболени од сезонски грип оваа сезона изнесува над 10.700 заболени. Најчесто заболуваат лица на возраст над 65 години, а зафатеноста оваа недела од децата на возраст до четири години сега се преместува кај децата на училишна возраст односно на возраст од пет до 19 години. Инциденцата е највисока кај овие популациони групи, истакна д-р Гордана Кузмановска од Институтот за јавно здравје.

Таа потенцира дека со оглед на тоа дека сезоната почна две недели порано годинава, вкупниот број заболени е за 60 отсто поголем од вкупниот број заболени во изминатата сезона.

Одговарајќи на новинарско прашање таа истакна дека затворање на училиштата и на други институции каде има групирање на население од различни возрасни категории е една од мерките која е на располагање на јавно здравствените авторитети, меѓутоа засега не е донесена таква мерка, што не значи дека во иднина нема да има потреба да се донесе.

– Има тешки случаи меѓу заболените. Инфлуенцата е заболување кое кај одредени популациони групи, тоа се повозрасни лица, лица со хронични заболувања и мали дечиња може да даде тешки форми. И во секоја сезона сме имале такви заболени. Ги имаме на Инфективната и на Детската клиника. Во текот на изминатата недела нема смртни случаи. Расте интензитетот и големиот процент на позитивни добиени резултати од вирусолошки испитуваните материјали што говори дека активноста на вирусот е висока и очекуваме тоа да се одржи во наредните недела две и да го достигне својот пик. Само Демир Хисар нема пријавени заболени од грип, додаде д-р Кузмановска.

Четиринаесетгодишно девојче почина вчера на Клиниката за детски болести како последица од компликации од грип. Девочјето кое имало и други хронични заболувања, е првиот смртен случај асоциран со грип оваа сезона.

Поврзани вести

Oткако почнаа рестриктивните мерки: Самоубиство во Штип поради коронавирусот

Повторно ќе му се суди на Латас за предметот „Тревник“

Сообраќајна статистика: Рекордно намалување на бројот на сообраќајни незгоди и жртви

Од утре повремени врнежи од дожд, снег на повисоките планини

Stefanija Kuzmanovska

Пицула ќе има задача да помогне да се деблокираат преговорите со ЕУ

Во Собранието ќе се одржат седници на Законодавно-правната комисија и Комисијата за транспорт, врски и екологија