МАКЕДОНИЈА Политика

Интегра од Куманово: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ја опустошија Македонија во последните 30 години

Македонската конзервативна партија Интегра денеска на градскиот плоштад во Куманово оствари средби со граѓаните на кои партискиот лидер Љупчо Ристовски и носителот на листата во ИЕ2, Александар Главинов ја презентираа програмата „Нова македонска ренесанса како визија за подобар живот во Македонија“.

Проекти од речиси сите области кои ќе им овозможат подобар живот на граѓаните, туризам, инвестиции, иновации, понудија на денешниот митинг претставниците на Интегра.

Двете партии, рече во говорот Ристовски, ја опустошија Македонија последниве 30 години, затоа е редно да се одберат луѓе кои на граѓаните ќе им овозможат благосостојба.

– Економија, образование, здравство, немате богата и просперитетна држава ако нацијата ви е болна и ако не ви е силно образована. Овие таргети ќе поткренат пет клучни стратегиски точки, почвата, водата, воздухот и човечкиот капитал стануваат национални стратегиски ресурси-рече, во говорот Ристовски.

Кокино ќе биде туристичка атракција, ќе се развива бањскиот, здравствениот туризам, брзи возови, преку транспортна стратегија. Граѓаните ќе можат личниот потенцијал да ги изнесат на површина и Македонецот да биде горд и достоинствен, додава Ристовски,

Носителот на листата Главинов порачувајќи им на кумановци дека се борбени, посочи дека пратеничкиот мандат ќе го доживее како должност да даде максимум за потребите на граѓаните, за поубав, достоинствен, безгрижен, за материјално стабилен живот.

– Затоа е многу важно сите заедно, сплотено и масовно да излеземе и да го дадеме својот глас за Интегра, македонска конзервативна партија и да ставиме крај на досегашната црно-бела политичка слика-повика Главинов

Пред присутните беа презентирани и дел од кандидатите за пратеници од ИЕ 2, меѓу нив и кандидатката од Куманово, Виолета Арсовска.

Поврзани вести

Царовска: Инвестираме во покачување на платите за младите да останат во државата

Viktor Jovanov

Од Италија денеска ќе пристигнат 180 македонски државјани

Берта Китинска

Скопскиот кривичен суд бара институциите да ја заштитат независноста во постапувањето по заканите од адвокатите во „ТНТ“

Ефтов: Помина незабележано смената на Јанушев од прв човек на Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ

Анѓушев: Како сопственик на компании немам интерес да се замрзне прогресивниот данок

Влатко Зорба

ВМРО-ДПМНЕ: Со СДСМ и Заев, Македонија доживува само порази

Влатко Зорба