ВИДЕО/ФОТО МАКЕДОНИЈА

Интервентна го „чисти“ Градски парк пред полицискиот час (ФОТО)

Интервентната полиција вечерва во 18:40 часот почна да ги предупредува граѓаните во Градскиот парк да се разотидат.

Граѓаните кои се најдоа во тој момент во паркот негодуваа на предупредувањата на полицијата, со образложение декаимаат уште време пред да почне забраната за движење.

Градскиот парк во изминатиот период е преполн со луѓе, а многумина граѓани се жалат дека посетителите не ја почитуваат физичката дистанца и неносат маски, со што го загрозуваат здравјето на граѓаните.

Премиерот Оливер Спасовски соопшти дека следејќи ја моменталната епидемиолошка состојба со Ковид-19, како и препораките на Комисијата за заразни болести, на денешната владина седница донесена е одлука за зголемена рестрикција на движењето на граѓаните за време на претстојниот празничен викенд.

Се забранува движењето на сите граѓани на целата територија на државата почнувајќи од недела, 24 мај, во 11:00 часот до вторник, 26 мај, до 05 часот.

Во сабота, на 23 мај, забраната за движење останува иста како и за сите други денови, од 19 часот до 05 часот наутро.

Градски паркГрадски паркГрадски парк

Поврзани вести

Чулев за молитвите за Рамазан Бајрам и литиите: Грешки и пропусти се можни, јас се извинувам

Министерството за економија ќе продолжи со субвенционирањето на приватните претпријатија за подобрување на нивната конкурентност

Никола Поповски

Сите граѓани што скенираат фискални до петок ќе го добијат повратот на ДДВ

Влатко Зорба

Завршена расправата по 6 точки од дневниот ред, седницата продолжува утре

Никола Поповски

Мар Гарсија: Новата методологија на ЕК е прифатлива, само ако го тргне ветото од Париз

Филипче: Постојат два типови на тестови, со едниот се утврдува носителот на вирусот и дали може да ја прошири болеста