МАКЕДОНИЈА

Исмаили: Се залагаме за фер односи со соседите

Говорот на претседателот беше коректен. Би сакале две работи околу тоа што истакна претседателот во врска со Законот за јазиците и тоа што претседателот се повика на Венецијанската комисија, рече Реџеил Исмаили од ДУИ по говорот на претседателот Стево Пендаровски во Собранието.

„Треба да градиме капацитети за тој закон, знаете дека е формирана агенцијата за спроведување  на Законот, а фомиран е и инспекторатот. Треба да дозволиме да почнат да се полнат со капацитети, па да видиме како ќе се спроведува. Апел да се градат капацитети за да се спроведе Законот за јазици. Во судството немаше непристраност и затоа треба да се зајакнат капацитетите“, рече Исмаили.

Тој додаде дека секогаш се залагаат за фер односи со соседите и во рамките на пружање рака за соработка со нив, но за ДУИ има само тројца сојузници, САД, ЕУ и НАТО.

„Ние во ДУИ признаваме сојузи со држави кои ни пружиле помош во најлошите моменти кои ги имавме, односно САД и ЕУ. Нашата цел е побгу зачленување во ЕУ и НАТО. Други сојузи ние не познаваме, затоа што САД беше можеби единствена држава која во последните три децении ни пружаше рака на помош при кризи“, додаде Исмаили.

А.Т.

Поврзани вести

Јовановски останува во ГОБ „8-ми Септември“ до понеделник

Влатко Зорба

ФЕИТ организираше прв час за 60-тата генерација бруцоши

Maja_Serafimova

БРИМА: Расте стравот кај населението од можноста за зараза со коронавирусот

Влатко Зорба

Болницата во Чаир ќе се грее на гас од оваа зима

Никола Поповски

Спасовски: Агенцијата има право на следење на комуникации, кои се однесуваат на заштита на уставниот поредок од висока корупција

Берта Китинска

АСОМ: Онлајн обложувањето преку македонските веб страници е безбедно

Александар Петровски