МАКЕДОНИЈА

Изборите ќе ги следат 2.709 домашни и странски набљудувачи

Предвремените парламентарни избори во Северна Македонија ќе ги следат 2.708 домашни и странски набљудувачи.

За мониторинг на изборите, акредитации од ДИК добија вкупно 2.551 домашни и 158 меѓународни набљудувачи и преведувачи.

Од домашните најбројни се на НВО МОСТ 1.254, на АКСИОС 2017 – 830, Цивил – Центар за слобода ќе има 315, Инклузив – Куманово 86, Националниот ромски центар – Куманово 38 и Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид 15, Заедно можеме – Гостивар 9 и Македонски центар за култура и развој – 4.

Меѓу акредитираните меѓународни набљудувачи, според информациите објавени на веб-страницата на ДИК, 26 се од ОБСЕ/ОДИХР, Амбасадата на САД ќе има 41, делегацијата на ЕУ 13, ИФЕС четворица, Француската амбасада 13, Амбасадата на Унгарија 10, на Германија и на Велика Британија по 7, на Италија 6, на Албанија 4, на Австрија, на Швајцарија, на Хрватска и на Шведска по 3, на Бугарија, на Црна Гора, на Чешката Република и на Косово по 2 и амбасадите на Холандија, на Канада, на Босна и Херцеговина по еден набљудувач, а четири ќе има и Меѓународното здружение за човекови права.

За известување од изборите досега се акредитирани и шеесетина странски новинари.

Поврзани вести

Се вработуваат младите лекари, кои се вклучија во борба против коронавирусот

Берта Китинска

Се уште трицифрен бројот на новозаболени од Ковид-19 на дневно ниво

Александар Петровски

Жбогар учествуваше во акција за чистење на паркот Гази Баба

user4

Се работи на протоколот за враќање на децата во градинките

Одложено одлучувањето за правата на поранешните претседатели

Влатко Зорба

Приведени 28 лица кои не го почитувале полицискиот час