МАКЕДОНИЈА Политика

Изборниот законик е многу чувствително прашање, затоа е потребен консензус, вели Ахмети

– Кај претседателот на Републиката сите едногласно се согласивме за две прашања. Првото за членството во ЕУ кое е без алтернативно од сите партии, а второто на што се согласивме на 12 април 2020 да организираме предвремени парламентарни избори. Ако се пишмани Заев, не мислам дека треба да држиме еднострани ставови. Би требало да свикаме нов состанок од претседателот на државата за да го оспориме усогласениот датум. И сите би требало таму да ги презентираат таму своите ставови дали се согласуваат или не. Јас би се согласил претседателот на државата да свика состанок. И да ги видиме вистинските причини дали би се согласиле сите да се одложат изборите, рече Ахмети, на средба со новинарите на која се сублимираше 2019 година

Според него, изборниот законик е многу чувствително прашање, затоа што и таа промена треба да се направи со консензус и со согласност на сите политички партии.

– Битно е да има дебата и согласност од сите политички партии. Ова прашање во моментот кога се организираат избори не е време да се отвораат промени во избирачкиот законик. Имате над 20 политички парти во земјава, 24 партии со 24 ставови, кој ќе ги доближи сите тие ставови, дали има време да постигнеме сега согласност,рече Ахмети.

На прашање кој ќе биде прифатлив за технички премиер Оливер Спасовски или Мила Царовска, Ахмети рече дека не добил предлози.

– Треба да имаме средба во согласност со Пржинскиот договор и законот за Влада кој предвидува трите партии да постигнат согласност во однос на министер за внатрешни работи. Јас се уште не сум добил официјални предлози. Секако од опозиција ќе предложи министер и ќе разговараме за најдобро на државата, истакна лидерот на ДУИ.

За принципот победник со победник за составување на Влада по изборите Ахмети рече дека нема потреба да се оптоварува состојбата со ситуации кои биле пробани во минатото како нефункционални, посочувајќи ја 2006 година, кога не била земана во предвид волјата на Албанците и за 15 месеци имало предвремени избори.

Поврзани вести

Се отстрануваат и последните пречки за носење на Законот за Јавно обвинителство

Александар Тодески

Измените на Законот за јавнообвинителска служба во среда на собраниска седница

Влатко Зорба

Концертот на Георгиев не бил прекинат од полицијата, сопственикот казнет со 4.000 евра

Влатко Зорба

Венко Андоновски – Aвтор на „Големиот школски час“ во Србија

Влатко Зорба

Шукова: Игнорантскиот однос на ВМРО-ДПМНЕ допринесе аерозагадувањето да заземе сериозен размер

user3

Зекири за повикот на Реисот: Овој РЕЗИЛ место да помогне на граѓаните во ова време на криза бара државата него да го помогне…

Берта Китинска