МАКЕДОНИЈА

Изменет сообраќаен режим поради „Скопје трча 10К 2019“

Во Скопје денеска од 8 до 11:30 часот, во организација на Сојуз на спортови на Скопје, ќе се одржи улична трка „Скопје трча 10К 2019“, и тоа трка на 10 км и штафетна трка 2 х 5 км.

Притоа, предвидената траса на движење е од бул.„Илинден“ (во двете насоки), крстосницата со ул. „Наум Наумовски Борче“ (фонтана Градски парк) до крстосницата со ул.„Никола Парапунов“, потоа лево по ул.„Никола Парапунов“, десно по бул.„Партизански Одреди“ до крстосницата со ул.„Ангел Динев“ (мост Влајко), полукружно назад по бул.„Партизански одреди“ (во насока кон „Сити Мол“) до крстосницата со ул.„Љубљанска“, па полукружно назад по бул.„Партизански одреди“, десно по ул.„Никола Парапунов“ и десно по бул.„Илинден“ до целта (фонтана Градски парк).

Како што соопшти МВР, од тие причини, Одделението за безбедност на патниот сообраќај во наведениот период ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците.

Поврзани вести

СДСМ: Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ со полна пареа работат на оставарување да ја врати државата чекор назад

Берта Китинска

Сасоли: Во ЕУ не бише кажано „не“ туку дека се пролонгираат разговорите за датум за преговори

Влатко Зорба

Филипче: Во моментов на располагање се околу 1.400 тестови за коронавирусот

Ахмети потврди дека е повикан во Специјалниот суд во Хаг

Никола Поповски

Царовска: Најголема реформа е што вложивме во децата

Влатко Зорба

Шекеринска од Дебар: Единственото нешто што го правеше ДПМНЕ во овој период беше да тера политика и да блокира прогрес