МАКЕДОНИЈА

Измените во Изборниот законик за една изборна единица и отворени листи во среда на пленарна седница

Пропорционалниот изборен модел со отворени листи и Република Северна Македонија – една изборна единица наместо како досега шест изборни единици, предлози на кои се потпишани 17 пратеници ќе се најдат пред пратениците на пленарна седница.

Измените во Изборниот законик, пратниците ги бараат во скратена постапка, со цел изборите закажани за 12 април да се одржат со изменет Изборен законик, за што поддршка најави и премиерот Зоран Заев преку пратеничката група на СДСМ.

Пратениците кои го поддржаа овој модел сметаат дека е најдемократскиот можен модел за државата, но и дека на тој начин и малите партии ќе бидат подеднакво опфатени во изборниот процес, без да имаат потреба од коалицирање со големите политички партии.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак, велат дека најдобар изборен модел за државата е 120 изборни единици, колку што пратеници има во Собранието, за што негодуваат малите политички партии кои во парламентот ги предложија измените во Изборниот законик. Се дурго, за опозиционерите е неприфатлива измена во Законот за што тие нема да гласаат.

Од коалициониот партнер на владејачката СДСМ, Демократската унија за интеграција пак, излегоа со став дека не е добро предизборно да се менува изборниот модел, со што индиркетно дадоа црвено светло за измените во Изборниот законик.

И Државната изборна комисија претходно истакна дека е подготвена изборите на 12 април да се одржат со изменет Изборен законик.

Пратениците одржаа и дебата за измените, на која беа поканети сите парламентарни политички партии, но немаше претставници од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Единствено присуствуваше пратеничката Даниела Рангелова, чиј потпис стои во иницијативата за законските измени, но таа рече дека дошла самоиницијативно како пратеник, а не како претставник на Христијан Мицкоски.

А.Т.

Поврзани вести

Ѓулумсер Касапи: Толеранцијата, правичноста, еднакви можности, тука живее концептот едно општество за сите

Viktor Jovanov

Герила акција на ДИК во Тетово и Гостивар

Починаа две лица позитивни на Ковид 19

Берта Китинска

Во Скопје ќе се одржи златна трка по повод Меѓународниот ден на децата со канцер

Берта Китинска

Одбрана: Се зголемува бројот на жените кои се пријавуваат за доброволно служење воен рок

Влатко Зорба

Временска прогноза