МАКЕДОНИЈА

Извршителите со штрајк во четврток

За прв пат по 13 години под клуч ќе бидат извршителските канцеларии и со тоа најавуваат штрајк за во четврток. Одлуката е донесена на вчерашното вонредно Собрание на Комората.

Велат мораат да го искажат револтот и незадоволството од новиот Тарифник кој им го предложила министерката за правда, Рената Дескоска.

Најмногу негодуваат за тоа што со него им се намалува од 1.000 на 300 евра, максималната награда за извршителот, која можат да ја наплатат при извршување од сметките на граѓаните.

Извршителите бараат од Дескоска, поради сегашниот и предложениот Тарифник  дури и да предложи на Владата измени во законот со кој извршувањето пак ќе се врати во судовите.

Неофицијално, Министерството за правда сите измени кои ги подготвува најверојатно ќе бидат готови до крајот на неделава и по итна постапка ќе одат на усвојување во Собранието. Ќе има и опција за отпис на камати и репрограмирање на долгот кај граѓаните. Дури се размислува и за тоа максималната сума при извршување од сметка на граѓаните да се намали на една петина од сегашната една третина од приходот.

Поврзани вести

Новите предлог мерки сe последниот чекор пред воведување на полициски час, најави Филипче

Берта Китинска

Царовска: Она што го слушнавме од Јанушев ги вознемири сите жени во државата

Пратениците ќе го ратификуваат Протоколот за НАТО во вторник во 15 часот

Александар Тодески

Работната група во Министерството за правда ги разгледа укажувањата од јавната расправа за законот за ЈО

Инфективното одделение во штипската болница е преполно

Сверна Македонија не е на списокот на земји за патување во ЕУ

Берта Китинска