МАКЕДОНИЈА

Јанева: Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО?

Во денешниот извештај на ДЗР за платите и надоместоците кои се делени во СЈО, а според ревизорскиот извештај околу 4,6 милиони евра се исплатени како додатоци за тајност но без законска поткрепа, објавен е и одговорот кој Јанева како одговорно лице на веќе згаснатаото СЈО го доставила како забелешка.

Катица Jaнева наводите на државните ревизори ги оценува како тенденциозни и продолжение на хајката против неа и ја гледа пораката повеќе „никој и никогаш во оваа земја да не се занимава со гонење на високата корупција“ на  начин како што таа тоа го правела. Таа смета дека неуспехот на Обвинителството за гонење на организиран криминал да докаже нејзина наводна вина во случајот „Рекет“, за кој нема правосилна пресуда, резултира со вакво постапување на државната ревизија во обид да биде дискредитирана.

„4 години немаше проблем со исплатата, а се појави дури сега по гаснење на СЈО, тврди Јанева во дописот во кој спомнува и дека е незаконски осудена за случајот Рекет. Дали пораката која на ваков начин се испраќа е: повеќе никој и никогаш во оваа држава да не се занимава со гонење на висока корупција, на начин како што го правев јас и СЈО, бидејќи на крајот, се ќе биде предмет на преиспитување, како што се случува сега, пост-фестум?“, напишала Јанева.

Таа вели дека не ги прифаќа наводите од ревизорските извештаи дека немала законска основа за носење на наведените одлуки, но прашува, доколку е така, дали евентуална одговорност ќе понесат и другите институции.

„Дали треба да се вклучат двата состави на влади и четирите министри за финансии кои го одобрувале буџетот и исплатите на СЈО, без каква било забелешка?“, прашува Јанева.

Од Државниот завод за ревизија утврдиле дека остварувањето на правото на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти, но не и правото на други надоместоци.

„Освен додатоците на плата за 2015 година, остварувањето на правото на додатоците на плата, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти. Во однос на остварувањето на правото на другите надоместоци, точноста на пресметката, евидентирањето и исплатата утврдивме дека истите не се во согласност, во сите материјални аспекти, со релевантната законска регулатива и интерните акти“, се вели во извештајот.

Овој наод е направен откако ревизија барало Обвинителството за гонење на организиран криминал предводено од Вилма Русковска.

Поврзани вести

Ќе се земаат епидемиолошки анкети од семејството на починатиот од КОВИД-19 кој не бил погребан според протоколот

Дебар: Гласале 38 отсто од избирачите до 19 часот

Од Дебар заминаа 106 од затекнатите граѓани од други градови од државава

Анѓушев: Новиот Закон за енергетика направи револуционерен исчекор во енергетските политики

user3

Волонтери на Црвен крст ќе им помагаат на пациентите за полесно да се снаоѓаат во Клиничкиот кампус во Скопје

Влатко Зорба

Шахпаска: Работиме на реализација на правата произлезени од Законот за употреба на јазиците