МАКЕДОНИЈА

Јаневски: Оваа сезона во туризмот најважна ќе биде безбедноста на гостинот

Во гостување на Телма, Љупчо Јаневски, директорот на агенцијата за промоција на туризмот истакна дека во туризмот најважна ќе биде безбедноста на гостинот.

-Мојот коментар за зголемувањето на новозаразени од Ковид-19 ќе го кажам со фудбалски жаргон. Се држевме 90 минути и во продолжение успеавме да си дадеме автогол се она што го направивме овие два и пол месеци, падна во вода за една вечер. Тоа претставува нашиот менталитет. Тоа што го видов не е за оптимизам, се надевам дека за брзо ќе го увидат и граѓаните за да не се вратиме на почетокот, бидејќи економски не можеме во контунуитет да бидеме во карантин, треба да направиме баланс да се избориме со состојбата и како таа ќе се рефлектира на туризмот.

Денешните бројки не даваат некој оптимизам за оваа туристичка сезона, но сепак би оставил една до две недели да видиме како тоа ќе се одрази на туризмот и каква е таа порака што ја праќаме на странските туристи кои треба да не посетат.

И во туризмот најважна ќе биде безбедноста на гостинот. Мотивот на годинешните домашни и странски туристи нема да биде цената или луксузот на сместувањето туку безбедноста на дестинацијата, рече Јаневски.

Поврзани вести

Боки 13 даде исказ за Меѓународниот сојуз, обвинение на средина на јануари

Александар Тодески

СДСМ: Ги укинуваме патните трошоци за пратениците во Собранието

Никола Поповски

Дополнителни мерки во Дебар и Центар Жупа

Stefanija Kuzmanovska

На територијата на СВР Охрид и Куманово се почитуваат мерките на Владата

Влатко Зорба

Трибина: Работата на експертската македонско-бугарска комисија е мешање на политиката во историјата

Stefanija Kuzmanovska

ВМРО-ДПМНЕ: Заев се скара со сите соседи, одлуката на Рама е шамар за него и Спасовски