МАКЕДОНИЈА

„Јавна соба“: МВР не може да добие информации од „Телеграм“ кој се објавувал во групата

Само две лица ќе бидат опфатени со кривични пријави за групата „Јавна соба“, која на почетокот на годинава ја потресе јавноста. Техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев тврди – „Телеграм“ не постапува по нашите барања и одбива било каква соработка.

Министерството конктатирало со сопствеништвото на „Телеграм“ во Лондон, но освен тоа што ја затвориле групата, властите не добиле подетална информација од фирмата.

„Во однос на „Јавна соба“ која беше на „Телеграм“, ја контактиравме фирмата во Лондон и ја затворија групата, но не дадоа повратна информација. Утврдени се администраторот и модераторот. Против нив е поднесена соодветна кривична пријава, но со оглед на несоработката на сопствениците на „Телеграм“, едноставно тие одбиваат било каква соработка. Тоа ни беше соопштено и од други партнерски земји, дека „Телеграм“ не дава информации во однос на барањата кои произлегуваат од властите на државите. Ние без соработка со „Телеграм“ не можевме да ги утврдиме учесниците во „Јавна соба“ кои што објавиле инкриминирачки материјали согласно законот за да може да ги процесуираме“, посочи Чулев.

Иако се пријавиле повеќе жртви, според техничкиот министер тие не ги содржеле елементите од Киривчниот законик за да бидат забележани како такви, па така вкупно има само две жртви пријавени за „Јавна соба“, од Тетово и од Штип.

„Имаше во Тетово, имаше во Штип, но дел од лицата кои се пријавија како жртви не ги исполнуваат елементите за водење на било каква кривична постапка, затоа што мора да бидат исполнети елементите од кривичниот законик. Некои од жртвите не можат да бидат опфатени со кривичниот законик“, додаде Чулев.

Поврзани вести

Северна Македонија на 17-тото место во Дуинг бизнис 2020

Влатко Зорба

Мицкоски и Заев ќе се слушнат телефонски, па ќе го соопштат името за министер во МВР

Димковски: Ќе продолжиме со исплата на субвенциите и коректна комуникација со земјоделците

Христина Николовска

Филипче до лекарите: Не чекаат уште тешки денови јас верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме

Берта Китинска

Димитров и Османи ќе се обратат пред пратениците за евроинтегративните процеси на С. Македонија

Александар Тодески

Чулев: Моментално во изолација се 3.787 лица од кои 1.088 во Скопје

Viktor Jovanov