МАКЕДОНИЈА

Јавниот превоз денеска ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени

Јавниот превозденеска ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по саботен возен ред.

Како што соопшти ЈСП, отворени од 7:30 до 17 часот ќе бидат билетарниците во Аеродром, Ѓорче Петров, Драчево, Маџари, Бутел (пазар), билетарниците на Зелен пазар и таа во Автокоманда, кај Дирекцијата на ЈСП Скопје.

Во истиот период ќе работат и центрите за персонализација во Карпош 2, на Бит пазар и центарот на Транспортен центар.

Јавниот превоз утре ќе функционира од 05 до 19 часот, во две смени. Автобусите ќе сообраќаат од 05 до 9 и од 13 до 19 часот, по неделен возен ред.

Од 7:30 до 13 часот, утре, ќе работат билетарниците на Зелено пазарче и Ѓорче Петров, а во истиот период отворен ќе биде и центарот за персонализација на Транспортен центар (автобусот).

Поврзани вести

Претреси во Синѓелиќ, пронајден пиштол и хероин, едно лице приведено

Александар Петровски

Сончево со температура до 30 степени

Влатко Зорба

Општините во земјава имаат на располагање 70 милиони евра за локалните патишта и улици

Stefanija Kuzmanovska

Бура на социјалните мрежи: „Додека некои имаат фамилијарни прослави некој моли за помош“

Втор ден од „Викенд без ДДВ“: Какво е расположението меѓу граѓаните?

Никола Поповски

Филипче: Се размислувам како по мерките ќе се вратиме во нормала

Берта Китинска