МАКЕДОНИЈА Политика

Јовановиќ: Нашите политичари не подлегнуваат на провокациите кои доаѓаат главно од радикалната десница во Бугарија

Во гостување во Само Вистина, колумнистот Ненад Јовановиќ истакна дека добро е што нашите политичари не подлегнуваат на провокациите кои доаѓаат главно од радикалната десница во Бугарија.

-Едно од модулите за решавање на меѓудржавни спорови е и решавање на прашања од сферата со консензус. Во Европа бараат да се решаваат прашањата со консензус односно една поддршка кон соседот итн. Добра е идејата на премиерот Заев, оние свесни „пукања“ од Бугарија со идентитетските политики, што не провоцираме на таков начин бидејќи да не заборавиме таа провокација што ни стигнува во последните денови е од Каракачанов тоа е една радикална десна структура во бугарското ВМРО и цело време провоцира во тој патриотски дискурс. Како државна политика добро е што не подлегнуваме на таквите провокации, бидејќи сме одговорни.

Таму во февруари или март се одржуваат избори, граѓаните ја обвинуваат владата на Борисов за корупција и возможно е тие десничарски тврди влади да играат политика на префрлување на проблемите кон комшиите само за да ги неутрализираат протестите во внатрешноста на Бугарија.

Очекувам од Германија да добиеме ветер во грб и ќе ги собереме тие сојузници за продолжување на евроинтегративниот процес, изјави Јовановиќ.

Поврзани вести

Во матичните установи, здравствените работници ќе се вакцинираат бесплатно против сезонскиот грип

Филипов: Прашањето околу трговските марки предизвика многу повеќе политички интерес, но тоа е деловен проблем

Влатко Зорба

Град Скопје распиша конкурс за избор на идејно решение за новиот парк во Општина Карпош

Stefanija Kuzmanovska

И БиХ со протест за поштенската марка со мапата на НДХ

Димитров за блокадата на Бугарија: Или ќе биде заеднички успех или заеднички неуспех

Никола Поповски

Родителите на Мицкоски хоспитализирани во болницата „Систина“