МАКЕДОНИЈА

Јовановска: Трудниците да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите

Директорката на Гинеколошко акушерската клиника во Скопје Викторија Јовановска денеска изјави дека родилката со коронавирус е во добра здравствена состојба и е хоспитализирана на Инфективната клиника, додека бебето, кое беше утврдено дека е негативно на короновирус, е во стабилна здравствена состојба, иако е родено предвреме.

– Бебето е негативно на коронавирус. Би сакала да ги смирам трудниците и да апелирам до нив да не ја извртуваат вистината, да не лажат и да не ги прикриваат фактите. Сите сознанија, иако се ограничени, се дека многу малку од трудниците ќе заболат и ќе бидат со лесна форма на болеста. Доколку точно ги кажат своите промени во нивната здравствена состојоба, се тоа што им се случува во нивното семејството или во нивните социјални врски и контакти ќе бидат безбедни и тие и нивните бебиња, рече Јовановска.

ГАК, како што кажа таа, функционира во вонредни услови, а одлуките на Клиниката ги носи координативно стручно тело.

Поврзани вести

Филипче: Заедно со колегите извршивме успешна операција на 29-годишна пациентка

Берта Китинска

Во понеделник ќе има квалификациско тестирање во четири средни училишта

МЗ: Во државава нема сомнителни случаи на коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Општина Прилеп и „Ипринт“ ќе донираат заштитни штитови за лице за здравствените работници

Влатко Зорба

Мицкоски: Непроменет е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за договорите со Грција и Бугарија

Пратеници сакаат да интервенираат со два амандмани во Законот за ЈО

Александар Тодески