МАКЕДОНИЈА

Јовановски: Се чуствувам како најобесправено лице во оваа држава

Првообвинетиот во случајот Рекет, Бојан Јовановски по завршувањето на сведочењата пред судот изјави дека се чуствува како „заложник на мрачните политички сили“.

Тој го извести судот за неколку околности, кои се однесуваат на неговата позиција и за работи за кои го информирал судот претходно.

– Само ќе кажам дека од ден на ден мојата здравствена состојба се влошува и мојата одбрана побара меѓународна помош. Се чуствувам дискриминирано и се кршат моите права. Се чуствувам како најобесправено лице во оваа држава. Се чувствувам како заложник на мрачните политички сили, посочи Јовановски.

Пред суд тој изјави дека сака да поднесе кривична пријава за обвинителката Вилма Рускоска.

„Дали лицето Вилма Русковска да го пријавам кај обвинителката Вилма Русковска? Каде да го пријавам лицето Вилма Русковска за корупција од 4 милиони евра за кои имам несоборливи докази?“, рече Јовановски.

Судењето ќе подолжи утре со изведување на материјани докази.

И.Р.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Членот на Судскиот совет, Зоран Теофиловски под истрага, утрово не се појавил на седницата

Александар Тодески

Трифун Костовски: Ме исцедија како лимон и ме фрлија на буниште

Уметникот Страхил Петровски имаше изложба во Њујорк

СДСМ: Законот за ЈО обезбедува резрешница на предметите каде осомничени се функционери на ВМРО-ДПМНЕ, затоа Мицкоски е против овој Закон

Берта Китинска

Новинарот Видиновски е новиот портпарол на Министерството за правда

Никола Поповски

Узунов: За пораст на економијата потребна е промена на моделот

Viktor Jovanov