МАКЕДОНИЈА

Јовевски: За високо профилните кривични дела нема можност да се судат онлајн

Јавниот обвинител Љубомир Јовевски во емисијата 24 анализа истакна дека со почетокот на пандемијата обвинителството работи со изменет режим и приоритет им даде на предметите кои се однесуваат на почитување на одлуките на владата и здравствената заштита и смета дека тие предмети се од суштествено значење за јавното здравје.

„До почетокот на есента имавме 3500 сторители на тие кривични дела и 50 физички лица и 50 правни лица. Претежно беа изрекувани парична казни или обввинителството поднесе предлози до надлжените судови. Во подрачјата каде се повторувале делата изрекувавме поголеми парични казни. Казните се околу 2000 евра за овие случаи.“ – рече Јовевски.

Јавниот обвинител се осврна и на случајите кои се високо профили и наследени од СЈО и на дел од обвинетите кои се позитивни на вирусот.

„Во овој момент нема законски основи за судење онлајн. За високо профилните кривични дела нема можност да се судат на тој начин и неопходна е измена на законодавниот процес. Ние би  се заложиле за такво нешто.“ – рече Јовевски.

Тој рече дека нема можност на обвинетиот да му се наметне да се вклучи на интернет од дома и претседателот на Кривичниот нема можност да одржува ред. Тој рече дека и да прифатат да судат онлајн, не може со сигурност да се осигураат дека обвинетиот ќе биде присутен сам во собата или не е сигурно дека просторијата во која е тој, нема други лица кои би му сугерирале да одговара на прашања.

Поврзани вести

Вработен во општина Кисела Вода позитивен на коронавирусот

Усвоени измените и дополнувањата на Законот за акцизи

Maja_Serafimova

Денес е Велики петок, најтешкиот ден во годината

Берта Китинска

Адеми: Претседателе, успеавме!

Никола Поповски

Шилегов на изложба за уредување на Кале

user3

Една пациентка од Скопје почина од Ковид 19

Берта Китинска