МАКЕДОНИЈА

ЈП Водовод и Канализација сo акција за наплата на долгови на рати без камата

ЈП Водовод и Канализација – Скопје денеска соопшти дека се спроведува акција за наплата на долгови на рати без камата за граѓаните на Град Скопје.

Управниот Одбор на ЈП Водовод и Канализација – Скопје на 22-та седница донесе одлука за наплата на долговите до 24 месечни рати, во зависност од висината на долгот, без камата за задоцнето плаќање.

Оваа можност сепак е со определено времетраење, почнувајќи од 04.11.2019 заклучно со 29.11.2019. По истекот на овој период одлуката преставува да важи.

„Ги повикуваме сите граѓани кои имаат долг, да го искористат овој период за исплата на рати без камата за задоцнето плаќање“, велат од јавното претпријатие.

Поврзани вести

Спасов: Ахмети се обидува со валкана игра одново да ја поврати својата изгубена политичка моќ и позиција

Никола Поповски

Во Скопје во последните 24 часа санкционирани 396 несовесни возачи

Прилеп ја обновува традицијата за марш до Могилата на непобедените за 11 Октомври

Влатко Зорба

Калајџиев: Во Стразбур треба да се покаже дека стануваше збор за сериозна повреда на човековите права во земјава

Александар Петровски

Заев: Комисиите да го решат прашањето за Гоце Делчев, а не јас и министрите

Никола Поповски

Чулев демантира дека имало апсења на полицајци од неговиот тим

Берта Китинска