МАКЕДОНИЈА

ЈСП: Автобусот се запалил од краток спој на електричната инсталација

Од Јавно сообраќајно претпријатие Скопје, информираат дека автобусот што утринава се запали на терминалот Транспортен центар е приватен автобус, сопственост на „Слобода превоз“, кој сообраќал на линија 45.

„На терен веднаш интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, а увид направи и екипа на МВР.За среќа, нема повредени патници, ни околни минувачи, причинета е само материјална штета на возилото.Увид направи и Внатрешна контрола на ЈСП. Според изјавата на возачот, неколку минути пред 8 часот, тој се подготвувал да се вклучи на линија. Го запалил возилото, по што забележал чадење. Со противпожарен апарат се обидел да го изгаси огинот, но, тој за брзо време почнал да се шири.Во меѓувреме на терен пристигнала и екипа на Бригадата за противпожарна заштита, која спречила пожарот да ескалира.Според првичните сознанија, причина за пожарот е краток спој на електричната инсталација на автобусот“, велат од ЈСП.

Поврзани вести

Манчевски ги претстави петте пакети за трансфер на вработените од јавен во приватен сектор

Пациентката со коронавирус која е на респираторна машина влегла во многу критична состојба

Хуманитарна акција во Скопје ЗОО- Донираме за малата Симона

Maja_Serafimova

Владата поништи решенија на Мизрахи

Stefanija Kuzmanovska

Заев: Водиме со три пратенички мандати, имаме можност за уште два

Никола Поповски

Во Прилеп денеска нема регистрирано заболени