МАКЕДОНИЈА

ЈСП: Паушалните обвинувања на Стаменковска-Стојковски нема да бидат пречка за професионално извршување на работните обврски

„Најостро ги демантираме написите/прилозите во медиумите базирани на наводите на Невенка Стаменковска Стојковски, дополнителен заменик на министерот за информатичко општество и администрација, а притоа ги оценуваме како невкусни обиди за политиканство, за наводното непочитување на мерките и препораките за заштита и превенција од КОВИД-19 донесени на Владата на Република Северна Македонија“, велат од ЈСП.

„Согласно со мерките и препораките, за секој вработен што побарал и ги поднел соодветните придружни документи, изработени се решенија за платено отсуство за период од две недели.

Со продолжување на важење на мерките соодветно беа продолжени и решенијата, со важност додека трае вонредната состојба.

Секој вработен, корисник на мерките и препораките, потпиша изјава дека доколку компанијата има потреба може да го повика и ќе се јави на работното место.

Досега, таа опција се користеше во исклучителни ситуации и во строго ограничен број.

Заклучокот на Владата на РСМ од 25-та седница доследно се почитува и применува, а уредбата со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба, на која се повикува почитуваната, го уредува користењето на годишниот одмор за работниците вработени во приватниот сектор, додека пак согласно со Уредбата со законска сила за примена на Законот за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба, Член 2, став 2 „На вработените во јавниот сектор кои се ослободени од извршување на работа и работни задачи, согласно мерките за заштита од ширење и превенција од Коронавирус COVID-19, неискористениот дел од годишниот одмор од календарската 2019 година им се смета за искористен“.

Дополнително ја информираме јавноста, а вработените се веќе известени, дека во ЈСП СКОПЈЕ согласно со Законот за заштита од вознемирување на работно место формирана е листа на посредници за заштита на вработените и сите вработени можат да ги користат заштитните механизми.

И за ЈСП Скопје „Законите и правото мора да се почитуваат и одговорност ќе има“.

И, во случајов, напоменуваме дека ниту овој, ниту било кој друг обид за паушални обвинувања на сметка на раководството на ЈСП Скопје, нема да бидат пречка за негово понатамошно професионално извршување на работните обврски согласно сите законски прописи, што не било случај со претходното раководство на претпријатието.

Напротив, тие се и ќе бидат дополнителен фактор и мотив плус за актуелното раководство да докаже и покаже дека со посветен ангажман во сите сфери на функционирање на претпријатието, како и со домаќинско финансиско работење ќе ги исполни зацртаните цели за подигнување на квалитетот на јавниот превоз во секој поглед, во споредба со тоа што го наследи“, се додава во реакцијата.

Поврзани вести

Филипче по предупредувањето од Универзитетот Вашингтон: Нема да има рестрикции

Димитров: Силјаноска често делува небаре се срами од партијата што ја кандидирала и чијшто носител е

Муцунски: Треба да бидеме држава во која граѓаните веруваат во системот

user4

Заев испрати честитка по повод Денот на наставата на турски јазик

Ивана Рамаданова

Денеска сончево, од утре дожд и пад на температурите

Берта Китинска

Димитров: Се преземаат сите потребни активности за спроведување фер и демократски избори