МАКЕДОНИЈА

ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод: До овој момент нема потврден случај на COVID-19 во Општината

„По изнесените написи во поедини медиуми во текот на вчерашниот и денешниот ден кои предизвикаа сомнеж и паника кај населението на Општина Македонски Брод должни сме да излеземе со демант и релевантни информации“, соопштија од.

„За жал во текот на вчерашниот ден тестот на еден од нашите здравствени работници е позитивен на COVID-19, контактирани се епидемиолошките служби и утврдено е дека истиот се заразил во момент кога бил ослободен од неговите работни обврски, со што не ги довел во опасност од зараза останатите здравствени работници во ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод.

ЈЗУ Здравствен Дом Македонски Брод од почетокот на кризата со COVID-19 доследно ги спроведува препораките на Министерството за Здравство и СЗО , и благовремено набави доволна количина лична заштитна опрема, средства за дезинфекција и воведе нов режим на работа со внатрешна реорганизација во ЈЗУ Здравствен Дом М.Брод по систем на ротација кој овозможува непречено пружање на здравствени услуги на пациентите и максимална заштита на здравствените работници со што се минимизира опасноста од внатрешно ширење на COVID-19.

До овој момент нема потврден случај на COVID-19 во Општина Македонски Брод.

Затоа апелираме до медиумите и населението да не изнесуваат невистинити и непроверени информации и со тоа да не создаваат паника кај населението со изнесување лажни вести.

Ве замолуваме да ги подржите здравствените работници во борбата со COVID 19
тие работат во интерес на вашето и наше здравје, да ги почитуваме доследно мерките и препораките на Министерство за Здравство и СЗО“, додаваат оттаму.

Поврзани вести

Вкупно 682 лица денеска гласаат во Кичево, Македонски Брод и Пласница 

Царовска: Заговорот за поништување на Преспанскиот договор е показател дека ВМРО-ДПМНЕ не ја гледа земјата во ЕУ

Александар Тодески

Заев од Кисела Вода: До 2021 година најниските пензии ќе пораснат за најмалку 21 отсто

Мемети: Обележани се патните правци од прва и втора категорија – автопатиштата и магистралните патишта

ДИК: Излезноста до 15.00 часот е 31,78 отсто

Берта Китинска

Филипче: Може да се справиме со напливот на пациенти, први во регионот донесовме мерки за справување