МАКЕДОНИЈА

Калајџиев: Народот многу лесно ги прифати строгите мерки на Владата

Професорот на Правниот факултет, Гордан Калајџиев за емисијата „Топ тема“, изјави дека јавноста е исплашена и како резултат на неподготвеноста, имаме чудна реакција.

„Морам да признаам народот многу лесно ги прифати строгите мерки на Владата. Дури и во нормални услови ние немаме системи, задоволувачки за контрола, како што на пример извршната власт би била спречена од можни злоупотреби“, смета Калајџиев.

„После овој првичен шок, прашувам дали ограничувањата на Владата во движењето се навистина неопходни и пропорционални на заканите. Ние немаме механизми, кои што ни гарантираат дека власта нема да ги злоупотребува овластувањата, особено ако ситуацијата потрае“.

Според професорот, Советот на Европа издал препораки во кои парламентите и судовите на земјите можаат да играат клучна улога во овие ситуации.

„Сметам дека суштината на демократијата немаше да биде повредена доколку Парламентот се вратеше и разгледаше некоја од сериозните мерки на Владата“, вели Калајџиев.

Поврзани вести

„Те снимаме за кратко сите ќе те гледаат на Фејсбук“…Сајбернасилството реален проблем на денешницата

Берта Китинска

Ниту едно лице од летот од Брисел нема коронавирус

Град Скопје за тревникот пред ГТЦ: На ВМРО ДПМНЕ им пречи што граѓаните го одобруваат вака уредениот простор

Завршена новата велосипедска патека во Гази Баба

Влатко Зорба

Новинарките Јордановска и Корошевска утре ќе ги пријават случаите во СВР-Скопје

Никола Поповски

Панчевски не се појави на суд бидејќи немал покана

Maja_Serafimova