МАКЕДОНИЈА

Карантински викенд во Куманово

Во Куманово од синоќа од 21 часот е воведена забрана и посебен режим на движење на населението. Исклучоците од забраната за движење важат за полицијата, армијата, здравствените работници (во ЈЗУ и ПЗИ, како и матичните лекари) кои своите работни ангажмани ќе ги реализираат непречено.

Одлуката, ја донесе Владата вчера, а полицискиот час ќе заврши во 05 часот наутро во понеделник.

Во работните денови, од понеделник до петок, во Куманово забраната важи секој ден во периодот од 16 до 5 часот.

За земјоделските активности, дозволено е движење во рамки на територијата (атарот) на селата, исклучиво за работните потреби.

Аптеките ќе работат непречено, а Министерството за здравство ќе изработи план за непречена работа и на здравствените установи на подрачјето на Општина Куманово.

Поврзани вести

По основ „Бенефиции за невработени лица“, Агенцијата за вработување и исплаќа пари на Бонева

Александар Тодески

Јовановски: Џабе преживувањето на коронавирусот ако потоа се умре од глад

Собранието го изгласа Арменд Арслани за нов заменик-министер за здравство

Влатко Зорба

Судењето за организаторите на 27 април ќе се блокира со 1.200 сведоци на одбраната

Александар Тодески

Граѓанскиот суд во Скопје отвори стечај над 1ТВ

Герила акција „Стоп за сечење дрвја за проширување улица“

Влатко Зорба