МАКЕДОНИЈА

Катастарот ќе ги исправа грешките, настанaти при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните

Катастарот ќе ги исправа грешките настанaти при впишување на правата на недвижностите во имотните листови на граѓаните, до кои дошло при преклопот на дигиталните со аналогните планови. Поради таквите грешки, на имотни листови, на територијата на Скопје во населбите Ѓорче Петров, Драчево, Волково, Сарај, но и во други делови на државата, се јавуваат и повеќе сопственици на една парцела. Има примери кога за земјиште од 500 квадрати се јавуваат и по 20 сопственици.

Со измените и дополнувањата на Законот за катастар на недвижности од 18 јуни годинава, за коишто во изминатите две недели се завршени и подзаконските акти, граѓаните веќе да достават барање до катастарот кој бесплатно ќе ја поправи грешката. Со тоа ќе се отстранат ограничувањата за располагање со земјиштето, тоа да се дава на подарок, да се продава, да се става под хипотека…

Како што информира директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Борис Тунџев ќе се бришат грешките за соспственичките делови кои се запишани во имотен лист, а кои се однесуваат за површини во рамки на пет проценти од вкупната површина на катастарската парцела. Граѓаните треба да си достават барање за исправка на грешка и тие што се во рамки на пет проценти од површината ќе се бришат по службена должност односно без никаков надомест.

За деловите кога граничната парцела ќе надмине повеќе од пет проценти од вкупната површина доколку има разбирање со соседите ќе може да се постапува со изјава на нотар дека е прифатена новата гранична линија без да се водат скапи судски спорови што чинат повеќе од самото земјиште.

Станува збор за измени на грешки што се направени при примена на различни техноогии, односно воспоставување и запишување на правата врз основа на дигитален премер и дигитални катастарски планови во однос на аналогните планови односно податоците од катастар на земјиште. Притоа се настанати многу грешки кои имаат направено голем број проблеми во самите имотни листи во делот на сопственичките права односно во листот А каде се запишани правата на недвижности.

Со измените на законот се нуди решение и за проблемот на впишување сосопственички дел на имот во сопственост на државата. Тоа е направено исто така при воспоставување на катастарот на недвижности, во случаи кога граѓаните намерно или случајно узурпирале дел од државен имот и тој дел сега е запишан во нивниот имотен лист без можност за решавање.

Државата по службена должност ќе го одви нејзиниот дел за да може граѓаните слободно да располагаат со имотниот лист и да го употребуваат за други постапки, како договори за подарок, купопродажба, ставање под хипотека. Сега за такво нешто треба да се обебзбеди соглсност или првин да се понуди на сосопственикот кој во парцелата има на пример 10 квадрати.

Поврзани вести

Дескоска: Ќе се отвори сериозна дебата за Законот за јазици

Александар Тодески

Пендаровски се обрати на Глобалниот безбедносен форум „ГЛОБСЕК 2020“ во Братислава

Филипче за приговорот на ВМРО-ДПМНЕ: Патував со возило кое го добив од Агенцијата за разузнавање

Шверцери: Во театарот бевме да прославиме јубилеј, не да рушиме, дивееме и вандализираме

Реакција на Петровска по објавата на Чулев: „Очајници прават очајнички потези“

Увид во Избирачкиот список од 26 февруари

Stefanija Kuzmanovska