МАКЕДОНИЈА

Ќе имa ли нови олеснувања за работата на кафулињата?

Денеска ќе се знае дали кафулињата и рестораните ќе добијат нов протокол за работа како што најави министерот за економија Бектеши.

Тие бараат  да може да работата и по 22 часот со оглед на тоа што веќе нема полициски час, воедно  бараат да можат да примаат гости и во ватрешниот дел од објектите.

-За угостителските објекти кои организираат свадби ќе ја чекаме сугестијата од Комисијата. Убеден сум дека не до крајот на оваа година туку многу порано би можеле и тие да работат, рече Бектеши.

Во однос на економската поддршка на рестораните, Владата донесе Уредбата за примена на Законот за комунални такси за време на вонредната состојба, со што овозможува економска поддршка на угостителските објекти кои претрпеле штети во своето работење заради спроведување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Според Уредбата се изменува пресметувањето и наплатувањето на комуналната такса за користење на просторот пред деловни простории, а наместо неа да се плаќа од 5 до 15 денари за м2 дневно, се предлага да се плаќа од 1 до 15 денари за м2 дневно за периодот на времетраење на вонредната состојба.

Протоколот пак  за  работа на хотелите е готов и  ќе биде доставен од денеска.

Поврзани вести

Од утре почнува етапната исплата на октомвриските пензии

Влатко Зорба

Истражување: Македонскиот граѓанин е слабо запознаен со третманот и управувањето со отпадот

Маневски: Законот за ЈО се носи со консензус, не со надгласување

Viktor Jovanov

Приведени двајца дилери на дрога во Неготино

Никола Поповски

Џафери: Најрано на 11 декември седницата за автентичното толкување

Ивана Рамаданова

Заев ќе има обраќање на промоцијата на збирката сказни „Моето патување во Фантазија“