МАКЕДОНИЈА

Ќе може да се патува без ПЦР тест само во Косово, за Србија, Црна Гора и БиХ останува обврската

Македонските државјани можат да патуваат во Косово без приложување негативен ПЦР тест, додека таа обврска останува и понатаму за влез во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина,, откако Владата синоќа поради новонастаната епидемиолошка состојба ја ревидираше одлуката донесена во понеделнкот со која трребаше да се отворат ганиците со сите четири земји

-Владата на Република Северна Македонија ги информира граѓаните дека согласно влошувањето на состојбата со КОВИД-19 пандемијата во регионот и големиот број на нови позитивни случаи, влезот на македонски граѓани во Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина нема да биде дозволен без приложување негативен ПЦР тест кој не е постар од 48 часа од моментот на влез во овие земји. Можноста за влез на македонски државјани во Косово без ПЦР тест останува, но Владата апелира до граѓаните да не патуваат надвор од земјата доколку немаат неодложна потреба за тоа, стои во соопштението.Воедно, се посочува дека Владата и здравствените власти, согласно новонастанатата епидемилошка состојба во регионот, во деновите кои следат ќе ја ревидираат одлуката за влез на државјани на Косово, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина во Северна Македонија, без ПЦР тест.

Првичната одлука за отворање на границите Владата ја донесе на седницата минатиот понеделник, врз основа на координацијата со министерствата за здравство од регионот по принципот на реципроцитет и по предлог и позитивно мислење од Комисијата за заразни болести.
Според тогашните проценки на Комисијата во тој момент немало индикации или висок број на влезени позитивни случаи од странски држави, а со тоа и нема висок ризик по јавното здравје. Одлуката беше донесена заради остварувањето на неопходните потреби на граѓаните, при што Владата апелираше патувањето да се сведе на минимум и исклучиво за неодложни потреби и со целосно и доследно применување на сите мерки за лична заштита од Ковид-19,.
Македонските граѓани досега можеа да патуваат без приложување негативен ПЦР тест само во Албанија и во Турција.

Поврзани вести

Филипче: Смртноста од Ковид 19 кај нас не е поголема од европскиот и светскиот просек

Берта Китинска

Хоспитализирани 888 пациенти заразени со коронавирус, расте и бројот на починати

Берта Китинска

Деспотовски разрешен од директор на ФИТР, Макрадули назначен за член на Управниот одбор на Пошта

Никола Поповски

Шекеринска: Веќе не сме тема на масата на НАТО, туку членка

Берта Китинска

Царината го заокружува проектот за јакнење на капацитетите и најавува друг

Maja_Serafimova

Во Куманово, Тетово и Прилеп, задолжителнo носење заштитна опрема кога ќе се излегува надвор

Берта Китинска