МАКЕДОНИЈА

Ќе потпишеме договор со Грција за избегнување на двојното оданочување

Премиерот Зоран Заев изјави за време на неодамнаешната посета на Грција, 90 проценти од времето со грчкиот премиер Мицотакис зборувале за двата гранични премини што треба да се отворат.

„Грција има добиено грант од ЕУ за преминот Маркова нога – Лемос, да го отворат. Реферираа и за активностите на граничниот премин кај Кавадарци, кој е особено важен за Грција, бидејќи таму имаат зимски центар“, рече Заев.

Но, најмногу зборуваме за економијата, истакна Заев, додавајќи дека во октовмри ќе се потпишат договорите за избегнување на двојно оданочување и за заштита на инвестициите, што ќе привлече поголеми вложувања.

„Грција понуди помош за дигитализацијата, што е еден од најголемите успеси на владата на премиерот Мицотакис. Интерес е на секоја земја да гради пријателства, ние сме помала земја“, изјави Заев.

За време на разговорот, посочи Заев, кажавме дека се уште има табли во македонскиот регион на Грција или како што велат тие грчка Македонија, каде се уште стои ФИРОМ.

„Ние се боревме ФИРОМ да го тргнеме. Овде, ние имаме обврска да го смениме името на археолошкиот музеј, каде треба да стои Археолошки музеј на Северна Македонија, и тука такви работи треба да дозавршиме“, рече Заев.

Посочи дека кавга и непријателство може да се направи во секое време, но тешко е да се прави пријателство и да се одржува тоа пријателство.

Поврзани вести

Манчевски: Преку алатка вработените во јавниот сектор ќе може да пријавуваат притисоци во предизборниот период

Закажаните термини за 6 и 7 јуни, презакажани за следната недела

ФОТО: По карантин на шопинг со маски, гужви пред продавниците во скопските трговски центри

Демократскиот сојуз: Закон за јавно обвинителство без корумпирани и амнестирани

Stefanija Kuzmanovska

Филипче: Болницата „8-септември“ станува нов центар за прифаќање болни од коронавирусот

Поповски и Адеми заедно со наставници и ученици дебатираа за медиумската писменост во образованието

Влатко Зорба