МАКЕДОНИЈА Политика

Кекеновски: Треба да има избори без опозицијата, штетата ќе си ја сноси нејзиното раководство

Јове Кекеновски од коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“, за отвореното студио на ТВ 24 изјави дека кога едната политичка страна се залага за избори другите бегаат и обратно и затоа ние имаме постојано контроверзии на политичката сцена.

„Ние мораме да живееме со коронавирусот и мислам и тврдам дека избори мора да има сега. Логично е по завршувањето на вонредната состоја да продолжат роковите кои што ги имаме согласно изборниот законик. Едни членови на ДИК велат потребни се 35 денови, други велат 50 денови, но најважно е изборите да не бидат подоцна од 12 јули“, смета Кекеновски.

Според него, изборите може да се одржат на 21 јуни или 28 јуни, а опозицијата ако сака може да ги бојкотира.

„Изборите можат да бидат одржани и без нив, има голем број на партии на избирачкото ливче. Нема да биде никаква штета, но последиците ќе си ги сноси нејзиното раководство“, вели тој.

Поврзани вести

Мицкоски: Непроменет е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за договорите со Грција и Бугарија

Oдбележана 11-годишнината од трагичнaта несреќа на Охридското Езеро

Stefanija Kuzmanovska

Николовски: На гласање ќе се оди со маски и ракавици, митинзи нема да има

Берта Китинска

Влада: Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ да престане да врши притисок врз институциите

Јавното претпријатие „Бутел“ ја намали цената за погреб на починат од Ковид-19

Берта Китинска

Партиски собир на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, Мицкоски верува во победа

Никола Поповски