МАКЕДОНИЈА

Кирјас: Со новата методологија секоја држава членка на ЕУ ќе биде вклучена во преговорите

Во отварањето кластери, државите членки ќе бидат вклучени во преговорите и ќе можат да укажат доколку нешто не е во ред во спроведувањето на процесот. Исто така тука е и ревирзибилноста на процесот, да може Европската комисија во случај на тргање на погрешен пат да може да каже дека процесот ќе се врати на почеток односно дека тие политики не се во согласност со ЕУ, изјави Емил Киријас, потпретседател на Либерална интернационала.

-Процесот на обединувањето на Европа има два аспекта, едниот е е политички и емотивен. Од 1991 сме истоштени од тие дебати дали ќе бидеме признаени или не, дали сме евројпејци или не. Вториот аспект е економскиот аспект, дали во Македонија ќе можеме да живееме конфортно и просперитетно како што се живее во земјите од ЕУ, вели Кирјас.

Тој додава дека е важно да се отпочне со отварањето на кластери бидејќи ќе се добива финансиска помош за затворање на поглавјата со цел побрзо решавање на проблемите и побрза интеграција кон Унијата.

Европратеникот Илхан Ќучук, известувач за Македонија во Европскиот парламент изјави пак дека Франција не е најголемиот скептик во однос на проширувањето на Унијата кон западниот балкан.

-Франција не е најголем скептик, според истражувањата 64 отсто од граѓаните на Австрија не сакаат проширување на ЕУ, 63 отсто од граѓаните на Германија не сакаат проширување додека пак Французите се на трето место со 62 отсо. Треба да се убеди европското општество дека може Западниот балкан добро да влијае во ЕУ, вели Ќучук.

Поврзани вести

Скопје: 12 повредени во девет од вкупно 17 сообраќајки

Ивана Рамаданова

Клухе: Нема место за паника, само пет отсто од заболените од коронавирус се во критична состојба

Берта Китинска

Филипче: Болницата „8-септември“ станува нов центар за прифаќање болни од коронавирусот

Четворица повредени во несреќа во „Макстил“, еден од повредените задржан на КАРИЛ

Јосифовска: Актот за времен пасош на Камчев до мене дојде на невообичаен начин

Донација од 20.000 маски за Армијата