МАКЕДОНИЈА

Ќе се легализираат дивоградбите во Охридско само ако не се спротивни на препораките од УНЕСКО

Законот се однесува на дивоградби изградени заклучно со 1 октомври годинава, а исклучок ќе бидат тие со намена А2 односно домување во станбени згради како и нелегални доградби и надградби на зградите, како на пример тераси.

Со законот, рече на прес-конференција Сугарески, не можат да се легализираат бесправно изградените објекти изградени во границите на Охридскиот регион во кој се наоѓа природното и културното наследство запишано во Списокот на светското природно и културно наследство на Конвенцијата за заштита на светското културно и природно наследство на Обединетите нации и за кои објекти во студиите за оцена на влијанијата врз животната средина и врз културното наследство, што се спроведуваат согласно препораката број 9 од Извештајот за реактивната мониторинг мисија од април 2017 година на Центарот на Светското наследство, е утврдено дека ќе ги загрозат Исклучителните универзални вредности.

Одговарајќи на новинарски прашања Сугарески појасни дека во меѓувреме, по првите објави за содржината на законот кога беше кажано дека цел Охрид и Струга не се опфатени со него, се доработувале дел од работите со министерствата за животна средина и просторно планирање и за култура.

– Секаде во законот стои дека се прибавува согласност од институциите како што на пример беше за Охридско-струшкиот регион во делот на плановите. Сега таму има мораториум. Меѓутоа, претходно пред да го одобри Министерството за транспорт и врски за да го даде на Советот мислење даваше Комисијата при УНЕСКО. Така е и овде исто. Значи, станува збор за објекти каде што мора да биде прибавена согласност без која нема да може да се легализира објектот, наведе Сугарески. 

Целта на законот, нагласи, е да се обидеме да ставиме крај со изградба на бесправни градби и узурпација на просторот.

Поврзани вести

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Д-р Караџовски: На крајот на 2020 година нема да имаме вакцина

Влатко Зорба

Регистрирани 443 прекршоци за неносење заштитна маска

Познати добитниците на наградата „ВАВИЛОН” за најдобар млад преведувач

Александар Петровски

Канцеларијата на претседателот – „Млади Хаб“ го започна проектот „Волонтираме за солидарно општество“

Берта Китинска

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

Влатко Зорба