МАКЕДОНИЈА

Кочовска: Ќе обезбедиме 600 милиони евра, но и тие нема да се доволни за покривање на штетите од коронавирусот

Заменичката министерка за финансии Гордана Димитриевска Кочовска во вечерашната дебата на телевизија Телма изјави дека државата очекува економска помош од 600 милиони евра во наредниот период. Но, според Кочовска и овие средства кои ќе бидат позајмени од ММФ, Светската банка и комерцијалните меѓународни банки нема да бидат доволни да ги покријат економските загуби кои ќе настанат поради коронавирусот.

-Ставивме потпис на писмата до ММФ и Светска банка и комерцијалните меѓународни банки за дополнителни средства како би ја надминале оваа криза од коронавирусот. Најдоцна до 5 мај ги очекуваме првите средства, а тоа се 400 милиони евра. Во однос на ММФ средствата ги очекуваме уште побрзо, додека пак од Светска банка немаме информации колку средства ќе ни се стават на располагање и кога ќе пристигнат во државата, вели Кочовска.

Таа додава дека не очекува никакви проблеми или доцнења околу префрлувањето на парите, но како што вели, прашање е колкава ќе биде цената за ова задолжување.

-Не очекувам да има проблеми при префрлувањето на парите, прашањето е колкава ќе биде цената. Сметам дека требаше ова побрзо да го направиме. Според проекциите овие средства најверојатно ќе ни бидат малку, вели Кочовска.

Поврзани вести

Петровска го демантира Чулев: Очајници прават очајнички потези

Јавно ќе се објавуваат имињата само на лицата кои не сакаат да ги примат решенијата за изолација

Црн биланс: Уште 24 починати и 990 новозаразени

Влатко Зорба

АВМУ:Забрането е емитување ППР со малолетници

Царовска: За децата кои немаат ИТ-уреди ќе има алтернатива за следење на наставата

Берта Китинска

Македонецот кој ја прими вакцината против коронавирус: Се чувствувам сигурно, трипати ни земаа крв