МАКЕДОНИЈА Политика

Колемишевски: За само 2.5 години СДСМ ја зголеми минималната плата за 5.500, а просечната за околу 4000 денари

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија како одговорна партија отсекогаш работела исклучиво во интерес на граѓаните и државата.

За тоа говорат бројните реализирани мерки и политики од кои директни придобивки имаат граѓаните.

Во економијата се зборува низ бројки и факти , па затоа и денес ќе зборуваме во таа насока. Каква состојба остави зад себе ВМРО-ДПМНЕ, а што направи СДСМ за само 2.5 години, скратен мандат.

Во времето на ВМРО-ДПМНЕ минималната плата едвај достигна скромни 9.000 денари.

Со доаѓањето на власт на СДСМ минималната плата прво порасна на 12.000 денари, за потоа да достигне 14.500 денари. Тоа е раст на минималната плата за 5.500 денари за само 2.5 години.

Ако се навратиме наназад седум години во времето на владеење на ВМРО-ДПМНЕ односно од 2010 година кога просечната плата изнесувала 21.454 денари, таа во 2016 година достигнала 22.808 денари или тоа е раст од 2003 денари за цели седум години.

Во 2017 година, со доаѓањето на СДСМ на власт во месец јуни просечната плата е 22.808 денари , а во декември 2019 година достигнува 26.836 денари.  Тоа е раст на просечната плата за над 4.000 денари или поточно 4.028 денари.

Разликата е очигледна, бројките потврдуваат дека во времето на ВМРО-ДПМНЕ за цели седум години просечната плата пораснала 2.000 денари, а со СДСМ за само 2.5 години 4.000 денари.

Почитувани,

Ова се бројки и факти за скратениот мандат на СДСМ или за само 2.5 години.

По изборите на 12 април продолжуваме со истиот тренд и во новиот мандат целта е минималната плата до крајот на 2024 година да изнесува минимум 18.000 денари. Според спиралата на растот, ќе расте и просечната плата.

Истовремено, членството во НАТО ќе биде ветер во грбот за нашата економија, а придобивки ќе имаат и државата и граѓаните. Затоа што НАТО значи безбедност и стабилност ,но и повеќе странски и домашни инвестиции.

Продолжуваме по патот на градење на европска и просперитетна Република Северна Македонија

Кирил Колемишевски, претседател на Комисија за економија на СДСМ

Поврзани вести

Царовска: Да се оди на избори кога ќе се создадат услови од здравствен аспект

Зекири: Во трите години владеење на СДСМ не дозволивме, ниту ќе дозволиме во иднина да имаме меѓуетнички тензии

Влатко Зорба

ДЗС: Потрошени 7,6 милијарди денари за заштита на животната средина, најмногу средства за управување со отпадни води

Никола Поповски

Уште две лица тестирани за короновирус на Инфективна

Берта Китинска

Правните експерти Калајџиев и Цаца Николовска поднесоа оставки од Советот за граѓански надзор над прислушкувањето

ФЗОМ апелира на рационално користење лекови

Ивана Рамаданова