МАКЕДОНИЈА

Комисијата за заразни болести и МОН  одлучуваат за стартот на учебната година

Комисијата за заразни болести денеска заедно со претстаници на Министерството за образование и наука ќе одлучуваат како ќе почне учебната година од септември во услови на епидемија. Епидемиолозите се со став да има настава со физичко присуство на децата , но под утврдени протоколи, а од МОН рекоа дека конечната одлука како ќе изгледа учебната година ќе ја донесат до 10 август.

Онлајн наставата не беше ефикасна. Само 4% од родителите од околу 10% анкетирани од НВО Рактор – истражување во акција, ја оценија онлајн наставата како ефикасна. Ниту добро ниту лошо искуството  со онлајн наставата го оценија директорите и наставниците на основните и средни училишта. Но на прашањето како треба да се организира наставата од 1 септември, половина од нив го споделија ставот дека наставата треба да се одвива во училиште.

Овие резултати од домашна изолација, поради инфекцијата од Ковид-19 ги сподели и министерот за образование и наука, Арбр Адеми. И тој смета дека онлајн настават не била совршена.

Базирајќи се на истражувањето на Реактор, кажа дека и членовите на Централниот кризен штаб го делат мислењето дека учениците треба да се вратат во училиште.

Тоа што според него е сигурно сега за сега, е дека учебната година ќе започне на 1 септември и дека одлуките се носат на време.

Исто како министерот Адеми, и директорите на училиштата кои ги анкетираше Реактор, оцениле дека има услови за одржување хигиена и растојание меѓу учениците. Во училиштата каде што има повеќе ученици, Адеми смета дека наставата може да се одвива во четири смени.

Поврзани вести

РКЕ: Република Северна Македонија е шампион во реформите во сите енергетски сектори

Ивана Рамаданова

Четири лица оздравени, во Кичево нема новозаразени со Ковид-19

Берта Китинска

Денеска умерено облачно, од утре следи период на потопло време

Заев ќе им предаде на министрите мандатни писма со утврдена мисија и задачи

Александар Петровски

Спасеновски: Со повлекувањето на Меркел, Макрон има повеќе простор да одлучува за ЕУ

Viktor Jovanov

Време, умерено облачно и потопло