МАКЕДОНИЈА

Комуналец Охрид: Чистење и собирање на отпадот од крајбрежјето на Охридското Езеро

Екипите на ЈП „Охридски Комуналец“ денеска спроведоа интензивни активности за чистење и собирање на отпадот кој беше натрупан на крајбрежјето на Охридското Езеро во потегот од кампот Љубаништа до манастирскиот комплекс „Свети Наум“.

Во рамки на денешната акција биле подигнати 150 вреќи пластични шишиња, остатоци од друга пластична амбалажа, картонска амбалажа и други видови на цврст отпад кој како резултат на интензивните врнежи во водите на езерото биле исфрлени преку реките кои се влеваат во овој дел од крајбрежјето. Според планираното, активностите за чистење ќе се одвиваат и во следните денови поради големите количини отпад.

 

Акцијата за чистење се одвива во координација со Инспекторатот од Општина Охрид. Исто така издаден е налог до концесионерите кои стопанисуваат со плажите во овој дел од крајбрежјето да спроведат итни активности за расчистување на истото.

Поврзани вести

Преку заеднички часови до подобра меѓуетничка интеграција на младите во Град Скопје

Влатко Зорба

Нови 57 лица во изминатото деноноќие добиле решенија за изолација

Мисајловки и Силјановска носители, Милошски, Мицевски и Стојаноска на листите на ВМРО-ДПМНЕ

МП: Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство

Министерот за култура побарал Аквадуктот да се стави под заштита на Управата за заштита на културното наследство

Maja_Serafimova

Спасовски технички премиер, дополнителен заменик во МВР се бира меѓу Пивоваров и Зечевиќ

Александар Тодески