МАКЕДОНИЈА

Кон крајот на месецот се очекува да се избере најдобриот понудувач за механизацијата за РЕК Битола

Ја известуваме јавноста дека предметната јавна набавка се однесува на купување сопствена помошна механизација за РЕК Битола, со која комбинатот ќе почне да ја намалува својата потреба од ангажирање надворешни фирми.

Вака преку сооптение денеска реагираше АД Електрани на Северна Македонија на обвинувањата од ВМРО-ДПМНЕ според кои, има нови скандалозни тендери во оваа компанија што треба да ги добијат фирми блиски до власта.

„Доколку тоа не им одговара на ВМРО-ДПМНЕ би требало тоа јавно да го соопштат и исто така да кажат од кои причини не го поддржуваат опремувањето на РЕК Битола со своја механизација“, се вели во соопштението од АД ЕСМ.

Јавната набавка, како што се наведува, е објавена уште пред два месеци од страна на претседателот на Владата и од генералниот директор на АД ЕСМ, што ја покажува важноста и сериозноста на проектот и нејасно е зошто лицето во овој момент зборува за неа.

„Набавката е на самиот крај и се очекува до крајот на месецот да се избере и најдобриот понудувач од 12-те пријавени фирми, кои се светски познати во својата област и во областа на производство на механизацијата која се побарува. Технички дијалог, испитување на пазарот и сите потребни анализи за оваа набавка се направени минатата година, во рамки на веќе еднаш распишан тендер за истата намена. По него следуваше распишување јавна набавка според новиот закон, кој овозможува да се набави механизација која ќе биде квалитетна и која ќе трае долго време, односно која со години ќе го опслужува процесот на ископ на јаглен во РЕК Битола“, стои во соопштението.

Ивица Томовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска изјави дека е објавена јавна набавка за 19 милиони евра без, како што рече, претходно објавен технички дијалог, односно без проверка на пазарот.

„19 милиони евра е голем тендер кој се договара со низа пропусти и низ процедура која отвора сомнеж дека однапред треба да го добие блиска фирма до власта. Дополнително станува збор за јавна набавка со краток период за прибирање понуди од само еден месец, во кој е опфатен периодот на новогодишните и божиќните празници“, рече Томовски.

Поврзани вести

Јанура: Додека Панчевски има имунитет не може да биде во притвор

Група струмичани го украле телото на починат пациент од Инфективното одделение

Берта Китинска

Калеска Ванчева: Опозицијата е таа што треба да се залага изборите да продолжат, а не Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да бегаат од нив

Царовска: Со социјалната реформа воведовме персонални асистенти и нега во домашни услови

Пет пациенти ја изгубија битката со Ковид-19

Берта Китинска

Движење Анти Коцкање: Да се ослободи државата од епитетот Лас Вегас на Балканот