МАКЕДОНИЈА

Коневски: Размислуваме за в.д. претседателство на ВМРО-ДПМНЕ

Поранешниот градоначалник на општина Аеродром и член на ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски, за емисијата „Топ тема“ изјави дека Христијан Мицкоски е единствениот носител на одговорноста за поразите на ВМРО-ДПМНЕ.

„Знае дека ја има изгубено довербата кај делегатите што го гласаа. Знае дека треба да излезе пред нив и да им се заблагодари за поддршката и да ги презентира сите аргументи кои доведоа до пораз на локалните избори“, вели Коневски.

Иницијативата за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ добива се поголема подршка, вели тој и додава дека е оптимист за неговото одржување.

Коневски негира дека причината зошто не го свикале вонредниот конгрес не е недоволната подршка туку желбата на него да присуствуваат сите делегати што го гласаа Мицкоски во Валандово во 2017. Дополнително, сакаат да го почекаат завршувањето на локалните избори во Штип и Пласница за да не му понудат уште едно алиби за евентуалнен неуспех на Мицкоски и по нивното завршување.

Тој дополни дека засега нема амбиции да биде нов лидер на партијата.

„Се размислува за в.д. претседателство. Битно е да се соедини партијата повторно, затоа што е разединета и мора да дојде до промена на статутот на партијата“, вели Коневски.

Поврзани вести

Заев: Среќен сум што сум дома заедно со семејството во изолација по цели денови

Берта Китинска

Манчевски: Потребни беа законски измени за да ја објавиме алатката „Отворени финансии“

Ветеринарна комора: Сопствениците на домашни миленици да добијат специјални дозволи со кои ќе може да ги изнесуваат кучињата надвор

Берта Китинска

Пуштен во употреба објектот Пепелашка на градинката „Р.Ј. Корчагин“ во Општина Центар

Александар Петровски

Курти: Предлогот на Заев за избори е чин на одговорност

user5

Со украдена картичка вадел пари од банкомат

Никола Поповски