МАКЕДОНИЈА

Координација на пратениците кај Џафери пред почетокот на седницата за Законот за Јавно обвинителство

Координаторотите на пратеничките групи на координација со претседателот на Собранието, Талат Џафери, откако вчерашната долгонајавувана седница за Законот за Јавно обвинителство почна во 22 часот, но по десетина минути да се одложи за денеска.

Координацијата доаѓа откако вчера Џафери, навреден од Фејсбук статусот на генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски, повика партиите да се изјаснат за одржување на предвремените парламентарни избори на 12 април.

Тензиите пак, се створија откако Николовски и пратеникот Александар Кирацовски го повикаа собранискиот спикер да ги закаже седниците за Законот за Јавно обвинителство и предлогот за разрешување на техничката министерка за труд и социјална политика, Рашела Мизрахи, во спротивно, како што пиша генералниот секретар на СДСМ, тие ќе направат ново мнозинство кое би организирало редовни избори.

Џафери пак, реагираше дека не е „Фејсбук политичар“ и побара лидерска средба за напишаното од страна на функционерите од коалициониот партнер на неговата партија.

А.Т.

Фото: Борче Поповски

Поврзани вести

Дали Мицкоски го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија, прашува СДСМ

Еднократна социјална стипендија за сите финансиски загрозени студенти, бара УКИМ

Берта Китинска

Жбогар очекува фер избори

Мицевски критикуваше дека власта се рекламирала на медиуми, Заев истакна дека не потрошиле ни денар државни пари за тоа

Александар Тодески

Костадинов: Комисијата за заразни болести одобри да се одржат изборите

Богоев во Вашингтон изрази подготвеност за интегрирање на веб платформа во Карпош

Берта Китинска