МАКЕДОНИЈА

Косово ги отвора границите кон Македонија, Албанија и Србија

Владата на Косово на денешната попладневна седница одлучи „да ги отвори државните граници на Република Косово“ со Северна Македонија, Албанија и Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Според дел од приштинските медиуми, ваквата одлука на Владата значи дека граѓаните на трите соседни држави нема да имаат потреба да приложуваат тест со кој ќе докажат дека не се заболени од Ковид-19.

Меѓутоа, во официјалното соопштение од седницата на Кабинетот на премиерот Авдулах Хоти, одржана со видео-конференциска врска, на ниедно место не се споменуваат тестовите или други процедури кои граѓаните од тие држави треба да ги спроведат за влез во државата.

– Донесена е и одлука за отворање на државните граници на Република Косово со Република Албанија, Република Северна Македонија и Република Србија, се вели во соопштението по седницата на косовската Влада.

Поврзани вести

Бочварски: Економијата закрепнува, направивме повеќе отколку што ветивме

Viktor Jovanov

Нови три смртни случаи од Ковид-19, меѓу нив и 44-годишна пациентка

Никола Поповски

СДСМ: Четвриот пакет антикризни мерки обезбедува уште поголема поддршка на граѓаните и стопанството

Александар Петровски

Тасева: Додатоците кои ги земале во СЈО за доверливи информации се превисоки

Viktor Jovanov

Филипче: Само ако лично се заложиме постепено ќе го вратиме животот во нормала

Берта Китинска

Водно, Гази Баба и другите национални паркови не се опфатени во забраната за движење

Берта Китинска