МАКЕДОНИЈА Политика

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со штетните политики кои значат блокирање на сите проекти и решенија коишто се во интерес на граѓаните, изјави на денешната прес конференција Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ и пратеник.

Последниот таков Предлог-закон  на кој поднесоа околу 3000 амандмани е Предлог – законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој денеска требаше да расправаме на Комисијата за финансирање и буџет, а потоа и на пленарна седница.

После 11 години недомаќинско владеење, откако со криминално работење ги заглавија општините и јавните препријатија со огромни долгови, сега ВМРО-ДПМНЕ ги кочи сите проекти кои значат нивна рехабилитација на институциите, единствено во интерес на граѓаните.

Станува збор за долгови што се направени во периодот кога со овие претријатија раководеле кадри на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ како одговорна партија, која работи во интерес на граѓаните, предлага отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица.

Јавните претпријатија ќе имаат обврска да ги отпишат долговите на граѓаните, а државата обезбедува мерки кои ќе гарантираат развој и ефикасно функционирање на јавните претпријатија.

Овие две мерки се тесно поврзани и се во интерес на сите граѓани на нашата држава.

Овие мерки ќе значат нов почеток за сите, после систематското уништување на држава во периодот на режимот на ВМРО-ДПМНЕ од 2006 до 2017 година.

Ги повикувам пратениците на ВМРО-ДПМНЕ да престанат да го штитат криминалот во нивните редови, да престанат да работат и да се однесуваат само за тесно партиски интереси и да ги повлечат илјадниците амандмани со кои сакаат да ги блокираат мерките што се во интерес на граѓаните.

Нашата држава, со нив или без нив ќе оди напред. Граѓаните тоа го знаат и затоа на 12 април ќе ги казнат сите штетни политики на ВМРО-ДПМНЕ, заклучи Костадинов.

 

Поврзани вести

Меркел ќе зборува со Макрон за реформите за што побрзо започнување на преговарачкиот процес со Северна Македонија

Влатко Зорба

Калеска-Ванчева: Потребен е консензус за промена на изборниот модел во 1 изборна единица

Viktor Jovanov

Во делчевско пронајден насад со 112 стебла канабис

Сончево со мала облачност и температура до 16 степени

Берта Китинска

Костадинов: Вредностите на соживотот се градат мачно, а се рушат за еден миг

Александар Петровски

Мишел по средбата со Пендаровски: Македонија има европска иднина

Viktor Jovanov