МАКЕДОНИЈА Политика

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ се води единствено од популизам, воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните

Портпаролот на СДСМ и пратеник, Костадин Костадинов соопшти дека најавите дека ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против потврдувањето на одлуките за прогласување на вонредна состојба од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш ја потврди деструктивноста и неодговорноста на оваа партија.

„Денеска, повторно се потврди дека ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски се води единствено од политички популизам и воопшто не им е грижа за интересите на граѓаните и државата.

За потсетување, вонредната состојба беше исклучиво во интерес на граѓаните и неопходна за брзо делување на Владата и институциите, за менување на закони кои овозможија поголема ефикасност на извршната власт во носење мерки и политики за справување со последиците од коронавирусот и заштита на здравјето на граѓаните, во ситуација кога имавме распуштено Собрание и преодна Влада со мандат за организирање парламентарни избори.

Истовремено, вредно е да се напомене дека и Уставниот суд не поведе постапка за оценување на уставноста на втората одлука за прогласување на вонредна состојба и ги отфрли сите поднесени иницијативи во однос на уставноста на петтата одлука за прогласување вонредна состојба. Со тоа, Уставниот суд ги расчисти сите дилеми околу уставноста на одлуките“, вели Костадинов.

Според него, потврдувањето од страна на Собранието на одлуките за прогласување вонредна состојба е во интерес на граѓаните, на институциите, на државата.

„Денеска, видовме дека ВМРО-ДПМНЕ упорно стои на спротивната страна. ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски остануваат посветени на деструкција, неодговорно и незрело однесување кое на штета на Собранието, на државата.

Без разлика на сите обиди за опструкции од страна на ВМРО-ДПМНЕ, државата продолжува по патот на развојот и напредокот во интерес на сите граѓани“, изјави Костадинов.

Поврзани вести

Тимоние: Сакаме кандидатите за членство во ЕУ да бидат доволно силни, за да можат граѓаните да ја контролираат својата влада

Влатко Зорба

Филипче: Ќе се гласа со маски и на дистанца, протокол во четири дела за изборите

Османи и Димитров на средби со Пленковиќ и Грлиќ Радман во Загреб

Stefanija Kuzmanovska

(ВО ЖИВО) Церемонија на подигнување на знамето на НАТО пред Собранието на Република Северна Македонија

Влатко Зорба

Заев-Жбогар: По изборот на новата Влада видлива е нова енергија за ефективна работа

Никола Поповски

Даниловски: Полицискиот час е смрт за економијата