МАКЕДОНИЈА

Ковачев: Доколку С. Македонија не ја препознае вистинската реалност, датумот за почеток на преговорите со ЕУ ќе биде одложен

„Позицијата на Бугарија е јасна – не сакаме земја како С. Македонија да влезе во Европската унија, со која нашите деца и внуци ќе ги имаат истите проблеми со фалсификувањето на историјата. Не сакаме да се мразат потомците на Зоран Заев, бидејќи тие учеле во различни образовни програми. Многу е дарежливо што С. Македонија ќе потпише анекс во кој ќе се наведува дека нема да има никакви претензии кон територијата на Бугарија, но тоа не е доволно и не станува збор за тоа“, изјавил бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во емисијата на ТВ Европа.

Според него, нема земји во ЕУ кои тврдат дека имаат територијални претензии.

„Во декларацијата од Љубчо Георгиевски во 1999 година беше наведено дека ниту една страна нема територијални претензии. Главната работа од која бегаат како ѓавол од темјан во С. Македонија е манипулацијата со историјата. Сега тие глумат дека неразбираат дека не им дозволуваме да се идентификуваат како Македонци и не го почитуваме нивниот јазик. Главниот елемент е историјата – ништо друго не е важно“, коментира Ковачев.

За негo, рамката што се создава е направена од политичари и вклучува заедничка историја за сите историски личности кои се идентификувале како Бугари.

„Македонската елита мора да одлучи за идните генерации. Не велиме како да се самоопределуваат во Северна Македонија, но во никој случај не е европска вредност да се манипулира со историјата. Нивната комисија нема храброст да ги расчисти моментите во наставните програми за да ја научи вистината. Без разлика дали со нов договор, анекс или во друга форма, мора да се претпостави дека овој процес е неповратен“, вели европратеникот.

Тој додава дека доколку С. Македонија не ги препознае овие реалности, датумот за отпочнувањето на преговорите со ЕУ ќе биде одложен и дека нема драма во тоа.

„Кога ќе бидат доволно подготвени и храбри да ги надминат фалсификатите предводени од Титова Југославија, ќе можат да започнат преговори. Постои валидна рамковна позиција, за која гласаше бугарската влада и декларација поддржана од пратениците. Мора да имаме доволно гаранции дека помладите генерации во Северна Македонија нема да учат за фалсификувана историја. Не можеме да го смениме минатото затоа што сакаме да ја аргументираме нашата современа реалност. Не е таква драма ако за 6 месеци С.Македонија започне преговори со ЕУ“, категоричен е Андреј Ковачев.

Поврзани вести

Владата на седница ќе го утврдува Предлог-буџетот за 2020 година

Димова: Не мислам дека проблемот е во судиите, проблемот е во образованието

Боки 13, татко му, Мандиќ повторно на обвинителна клупа – продолжува судењето за „Меѓународен сојуз“

Сопругата на Пендаровски ќе одговара на телефонската линија за помош во Црвен крст

Берта Китинска

594 новозаразени со корона, починаа 3 лица

Влатко Зорба

МЗ: Пет смртни случаи, 120 новозаболени од коронавирус

Берта Китинска