Култура

Министерката Стефоска се прости од Чеврески: Загубивме уметник, кој беше гордост на нашата држава

Министерката за кутура, Ирена Стефоска на својот фејсбук профил се прости од македонскиот актер и продуцент Данчо Чеврески.

-Со големо жалење ја примив веста за смртта на нашиот еминентен театарски, филмски и телевизиски актер и продуцент Данчо Чевревски. Данчо Чеврески беше еден од големите сонувачи на македонскиот театар и филм, творец кој со својот децениски професионален влог остави неизбришливи траги во македонската култура. Неговиот придонес во развојот на македонската театарска уметност, многубројните улоги остварени на сцените на нашите театри, како и неговите антологиски филмски ролји во најзначајните остварувања во македонската кинематографија, но и во поранешна Југославија, се само потврда дека загубивме голем уметник, кој беше гордост на нашата држава. За респект е и неговата педагошка активност на Факултетот за драмски уметности, каде со голема посветеност и љубов едуцираше генерации актери и режисери, напиша Стефоска.

Синоќа во Скопје на 69 годишна возраст почина македонскиот театарски, филмски и телевизиски глумец и продуцент Данчо Чеврески.

Чеврески е роден на 17 мај 1951 година во Скопје. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје на отсекот за драмски актери. Специјализација, односно филмско усовршување има добиено на УКЛА во Лос Анџелес.

Тој е еден е од основачите на приватното претпријатие за производство на филмови ТИРАНГЛ, а работеше и како професор на ФДУ во Скопје и беше декан на Факултетот.

Глумеше во повеќе југословенски и македонски филмови, меѓу кои „Игмански марш“, „Хај-фај“, „Трст виа Скопје“, „Тетовирање“, „Џипски меџик“, „Панкот не е мртов“, „Ова не е американски филм“.

Добитник е на повеќе награди во текот на неговата плодна кариера, а минатата година на 14. издание на Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“, му беше доделена наградата „Астер“ за исклучителни достигнувања на филмот и на ТВ.

Поврзани вести

Германската амбасада: Објавен повик за млади филмаџии

Жбогар, Јовановски, Стефановски, Чеврески…на отворањето на „Киненова“ (ФОТО)

Влатко Зорба

„Медена земја“ влезе во потесниот избор за номинација за „Оскар“ за најдобар документарец и за најдобар странски филм

Влатко Зорба

Пристигна трејлерот за „Зоки Поки“ кој е полн магија

Берта Китинска

Фестивал на современ грчки филм и култура во Скопје

Влатко Зорба

„Гардијан“: Оскарот за најдобар документарец ќе го добие „Медена земја“

Александар Тодески