Култура

ВИДЕО: Запознајте го Зоки Поки, малиот актер Матеј Настевски

Десетте епизоди од „Зоки Поки“ ќе се емитуваат секој понеделник и четврток во 20:15 часот на првата програма, со репризи наредниот ден и во сабота и недела. По емитувањето на МРТ, епизодите ќе се поставуваат и на веб-страницата ZokiPoki.mk и на официјалниот YouTube канал.

Додека го чекаме почетокот на емитувањето, се запознаваме со симпатичниот Матеј Настевски, кој ја толкува главната улога, Зоки Поки.

Матеј е петтоделенец во ООУ „Мирче Ацев“ во Скопје кој обожава да патува и другарува. Тој вели дека за време на снимањето на „Зоки Поки“ се пронашол себеси и дека дефинитивно сака да продолжи да се занимава со глума кога ќе порасне.

Во двеминутно видео со прашања и одговори подготвено од тимот на „Зоки Поки“, Матеј открива што е љубов, кој му е омилен, а кој најтежок предмет во школо, зошто „Зоки Поки“ му е омилена книга, кои му се омилените серии, филмов и цртани, дали повеќе сака ванила или чоколадо, кој спорт му е најзабавен, кој стрип го сака најмногу, дали рециклира и, секако, дали има симпатија.

Целото видео е достапно тука:

 

Поврзани вести

Прво издание на театарскиот фестивал „АКТФЕСТ“

Влатко Зорба

„Охридско лето“: Славниот Мориконе ја круниса уметничката вредност на нашиот фестивал

Започна отворениот повика за Фестивалот на светлината „Skopje Light Art District 2020“

Александар Тодески

Балерината Стефанија Гаштарска е првата Македонка кој стана дел од Бољшој театарот

Отворени 59-те Струшки вечери на поезијата

Ретроспективната изложба „Локалитет бр. 5“ во Стоби

Влатко Зорба