Култура

Започна караванот на претставата „Хумана Приказна“

Изминатиот викенд во сабота на 7ми декември се одржа премиерата на претставата „Хумана Приказна“, во режија на Бесфорт Идризи и автор Кaтерина Момева, во МКЦ „Кино Фросина”, која е дел од проектот „Мој Омбудсман – театарот како метод за зголемување на основните човекови права“, во продукција на Онлимит Медиа и во партнерство со Народниот правобранител.

Оваа претстава даде позитивен импулс кон информирањето на граѓаните за надлежностите на Народниот правобранител односно Омбудсманот и ситуациите при кои тие можат да му се обратат за помош, поддршка или правно советување. Претставата е инспирирана од самите извештаи на народниот правобранител сликовито објаснувајќи ги потешкотиите на граѓаните и начинот на кој оваа институција работи на системско разрешување на тие предизвици поддршката која ја нуди на засегнатите странки. Иницијативата Мој Омбудсман има за цел да ја приближи институцијата до граѓаните на кои им е најмногу потребна, на еден интерактивен и отворен начин.

Премиерната претстава во Скопје заврши со модериран разговор помеѓу претставник на канцеларијата на Народниот правобранител со публиката, каде присутните граѓани поставуваа прашања во врска со проблематиката која беше драматизирана во претставата и постоечките ингеренции и механизми на Народниот правобранител.

„Ја препорачувам „Хумана Приказна“ и сметам дека треба да се одигра насекаде низ земјата, затоа што е добар начин луѓето да бидат свесни дека има каде да се обратат и дека за се’ може да се најде решение.“ – изјави Лира Бојку по завршување на премиерата “Хумана Приказна”.

Поврзани вести

Чешки денови по повод 30 години од „Кадифената револуција“

Влатко Зорба

Видео: Запознавање со Боки од „Зоки Поки“ – малиот актер Матео Матоски

Берта Китинска

Македонската филмска продукција повторно со финансиска поддршка од Еуримаж

Берта Китинска

КРИК: Светот околу нас – визии за иднината на критиката во регионот

Влатко Зорба

„Бакнати порти“ – самостојна изложба на Елизабета Митрева

Влатко Зорба

Манчевски во жири со Изабел Ипер и Абел Ферара на Филмскиот фестивал во Кина

Влатко Зорба