МАКЕДОНИЈА Хроника

Куршум завршил на избирачко место додела се броеле гласови

Синоќа околу 22.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во градинка на ул.„Коста Новаковиќ“, додека се вршело пребројување на гласачки материјал, се слушнало пукање, а проектил завршил во гласачкото место бр.2687, каде биле присутни претседателот и седум членови на Изборната комисија.

Како што соопшти МВР, повредени лица нема, а оштетен е ѕидот низ кој поминал проектилот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Во Полициското одделение Сарај, В.Д. од Сарај синоќа околу 22.20 часот пријавил дека на ул.„10“, на неговото паркирано патничко возило „фолксваген пасат“, со скопски регистарски ознаки, му било оштетено задното ветробранско стакло од проектил од огнено оружје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести

Рамадани: Заев прв ќе проба да формира влада и се зависи од него

Во Карпош, Центар и Кисела Вода се зголеми бројот на заболени од Ковид 19

Берта Китинска

СДСМ: За 2,5 години вработени се над 67.000 лица, доминатно во реалниот сектор

Села: Украдени избори нема да прифатиме

Катица Јанева се соблекла по долна облека пред ревизорите

Денеска постудено со локални врнежи од дожд

Maja_Serafimova