МАКЕДОНИЈА

Курти: Предлогот на Заев за избори е чин на одговорност

Регионот не треба да има замена за Европската унија, порача Албин Курти, кандидат за премиер на новата косовска Влада во интервју за Алсат ТВ. Повика на тесна меѓусебна соработка на балканските земји со единствена цел – што поскоро членство во ЕУ.

„Регионалните иницијативи сигурно дека се потребно, но не можат да ја заменат европската интеграција. Ние што не се интегрираме во Европската унија, не може да кажеме дека правиме нешто меѓу себе“, вели Курти.

Предлогот на македонскиот премиер Зоран Заев за предвремени избори, за Курти е чин на одговорност, но рано е да каже дали ќе поддржи некоја од партиите. Како потенцијален премиер на Косово, очекува да ја посети Македонија, да има блиски односи со Албанија, но за целосна стабилизација на регионот, вели, „потребно е Србија да се соочи со реалноста дека Косово е независна држава“.

„Нормализирањето на односите меѓу Косово и Србија е преку нормализирање на Србија. Во Косово имаше обид за геноцид, 860.000 Албанците се депортирани надвор во пролетта во 1999 година. Имаме 20.000 девојки или жени кои се силувани. Сите тие се живи“, нагласува Курти.

За Алсат ТВ откри и за договорот со ДСК за 12 министерства во новата Влада на Косово и изрази очекување дека на премиерската функција ќе стапи во ноември.

Поврзани вести

Деспотовски: Фондот за иновации преку 8 проекти ќе се бори против загадувањето

Viktor Jovanov

Уште 14 дена самоизолација за граѓаните по државниот карантин

Влатко Зорба

Работниците од штипска „Баргала” бараат корекции на три плати и исплата на јулската плата

„Мош“ и вечерва работи и повторно е полн со гости (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Неславен рекорд: Струмица, Берово и Тетово меѓу градовите со зголемeн број на заразени

Берта Китинска

Филипче: За три недели ќе ги видиме ефектите од мерките, очекувам пад на бројката

Никола Поповски