МАКЕДОНИЈА

Лазаревска: ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ и Влатко Ѓорчев продолжуваат да работат директно на штета на граѓаните на Република Северна Македонија.

На два три дена сме пред распуштање на Собранието, а Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ како претседател на Комисијата за труд и социјална политика се уште не закажува седница на Комисијата на која ќе се расправа за Предлог-законот за измена на Законот за исплата на платите.

Со овој Предлог-закон се овозможува и вработените во високото образование, односно вработените во државните универзитети да го добијат покачувањето до 10 проценти, исто како и нивните колеги од основното и средното образование.

Христијан Мицковски и Влатко Ѓорчев на директен начин попречуваат илјадници професори и вработени во високото образование да добијат покачување на платите од 10 проценти, кое им следува од 1 јануари оваа година.

Доколку Предлог – законот не биде изгласан до распуштањето на Собранието, поради блокадата од ВМРО-ДПМНЕ, вработените во високото образование со месеци нема да можат да го добијат покачувањето на платите што им следува.

Ги повикуваме пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, ги повикуваме Мицкоски и Ѓорчев барем еднаш да размислуваат во интерес на граѓаните и да престанат да ги блокираат проектите коишто на граѓаните им обезбедуваат напредок и подобар животен стандард.

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија вистински се грижи за сите граѓани и реализира мерки кои директно влијаат на подобрување и олеснување на животот на сите.

Затоа граѓаните на 12 април ќе ги поддржат политиките на СДСМ, наспроти штетните и деструктивни политики на ВМРО-ДПМНЕ, која работи само за заштита на личните и теснопартиските интереси, соопшти Жаклина Лазаревска, пратеничка на СДСМ.

Поврзани вести

Спасовски: Ги решивме сите спорови, историјате се пишува со компромиси и правилни одлуки

Александар Тодески

МД „Илинден“-Тирана: Јa осудуваме бугарската провокација за непостоење на македонскиот јазик и малцинство

Stefanija Kuzmanovska

Вархеји: ЕУ мора да ги отвори пристапните преговори со Скопје и Тирана

Stefanija Kuzmanovska

Гаши: Со НАТО почнува нова историја за нас

Берта Китинска

Осомничени за престрелката кај Палас на распит во полициската станица Карпош

Александар Тодески

Во Клиничкиот центар во Скопје се подобрува патната инфраструктура (ФОТО)