МАКЕДОНИЈА Политика

Левица ги повика граѓаните да донираат финансиски средства за партијата

По блокирањето на парите кои Левица ги имаше во Еуростандард банка, партијата упати повик за донирање финансиски средства за да може да функционира.

-Заедно дојдовме дотука. Им го пробивме системот. ЗАЕДНО продолжуваме уште посилно! Затоа, воскликот и ситечка злорадост кај нашите политички непријатели, за блокираните пари на Левица во пропаднатата Еуростандард банка, без кои не можеме нормално да функционираме, за нас се само инспирација за акција.

Левица никогаш нема да стане Партија која одработува за лоби групи кои ја купиле со нивните валкани пари. Затоа, Левица, консолидирана и посилна од било кога, се обраќа за политички ДОНАЦИИ кон сите наши стари и нови членови, симпатизери и сограѓани, нашите гласачи и поддржувачи – кон луѓето од кои црпи легитимитет и на кои им припаѓа.

Некои можеби ќе мислат дека ова е наивно, но не е! Туку доблесно. А ДОБЛЕСТА е клучот кој го менува светот. Ние не бараме луѓето да прават нешто што не можат, туку она што сакаат и што можат да го направат. Во Левица луѓето делуваат со љубов, посветеност и ентузијазам, поради тоа што веруваат дека подобар свет е можен. Поради тоа што сакаат да се дел од Движење во кое е ОК да бидеш добар, чесен и неподмитлив; повеќе да даваш, одошто да земаш; да бидеш искрен и пркослив, наместо поразен и апатичен.

Ако го имаш чесниот народ со тебе – имаш сè, оти борбата не се само проблемите кои ги имаме, туку, првенствено, луѓето со кои ги решаваме.

Ако веруваш дека така треба, приклучи се и Ти кон нашата АКЦИЈА и биди дел од долгиот пат на Борбата која ни претстои, се вели во апелот на Левица.

Поврзани вести

Одлуката за наставата ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести

Никола Поповски

Иницијатива за центарот за промоција на македонскиот јазик во Љубојно

СДСМ: Срамно однесување на делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на централната прослава за 11 октомври

Влатко Зорба

Сопругата на Пендаровски со стручно предавање за студенти по медицина

Никола Поповски

Даниловски: Бесмислено е да се тврди дека коронавирусот потекнува од лабораторија

Коронавирус: Во Скопје 1.868 активни случаи

Влатко Зорба