МАКЕДОНИЈА

Лицето кое има решение од ДСЗИ останува на домашно лекување до истекот на 14-тиот ден, вели Сотирова-Бухова

Протоколот за лекување на Ковид позитивни лица кои со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) се ставени на домашно лекување е јасен и прецизен. Не може да се прекине постапката се до извршување на решението. Значи лицето кое има добиено решение од ДСЗИ за домашно лекување останува на домашно лекување до истек на 14-тиот ден односно тогаш ќе почне процесот на тестирање и докажување на негативен или позитивен резултат, истакна денеска директорката на ДСЗИ, Иринка Бухова – Сотирова.

Протоколот во однос на лекување на пациенти позитивни на Ковид 19 во домашни услови, потенцира, е јавен и се наоѓа на веб страницата на Министеството за здравство.

Посочи дека според протоколот, сите пациенти кои се дијагностицирани како Ковид позитивни, се асимптоматски или со лесна клиничка слика, кај кои инфектологот и епидемиологот одлучиле дека може лекувањето да биде спроведено во домашни услови, добиваат решение од ДСЗИ.

– Решението почнува со датумот од денот кога е утврдена позитивноста и трае 14 дена. Првото тестирање се изведува во домашни услови, односно адресата на која престојува пациентот. Тестирањето го изведува екипа од Центарот за јавно здравје во општината во која е сместен пациентот. Тоа е првото тестирање. Според протоколот, потребно е во следните 24 до 48 часа да се изврши второ тестирање кое ќе биде на ист начин спроведено. Ако двата резултати од лабораторијата на Институтот за јавно здравје се негативни со тоа завршува лекувањето на тоа лице во домашни услови, рече Сотирова – Бухова, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали е возможно да се скрати периодот на самоизолација на кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски, кој најави дека ќе побара да му биде издадено решение за такво нешто поради тоа што на тестот за Ковид 19 резултатот му е негативен.

Доколку едниот резултат, односно првиот, кој е земен на 14-тиот ден е се уште позитивен, нагласи таа, решението за домашна самоизолација и лекување продолжува уште седум дена, а истата претходна постапка ќе се повтори на 21-от ден.

Поврзани вести

Адеми: Обезбедивме бесплатен интернет за 30 илјади ученици, онлајн-учењето дава добри резултати

Марковски: Внатрешно политичката криза може долгорочно да ја згрози дури и стабилноста на земјата

user3

Болничар од Штип позитивен на Ковид -19

Берта Китинска

Две штипски конфекции досега направија приватни тестирања за коронавирусот

Одлуката за наставата ќе биде донесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести

Никола Поповски

Блерим Беџети и Муса Џафери сведоци во „Монструм”